Алое вера, вид растение со дебели и вкусни лисја, родено во сушните предели на Африка и Индија, се користи со векови како храна и во традиционалната медицина. Популарен лек особено за благи изгореници и гребнатини, сокот од алое вера се конзумира и при многу други состојби и болести, а во некои земји е широко популарен како и другите видови природни сокови.
Алое вера и антиоксиданси
Алое вера содржи многу антиоксиданси кои штитат од рак, според студијата објавена во 2010 година во Журналот за еколошка патологија, токсикологија и онкологија. Резултатите покажуваат дека најголемите придобивки од комбинираната орална и локална примена на алое вера и дека растението може да не заштити од рак на кожата, вклучително и меланом – делумно поради високата концентрација антиоксиданси како што се витамините А, Ц и Е и минералите селен и цинк.
Против воспаление
Антивоспалителните својства на алое вера се корисни во третманот на улцеративен колитис, според студијата спроведена во 2004 година и објавена во Alimentary Pharmacology and Therapeutics. На испитаниците им биле давани 100 ml сок од алое вера два пати на ден во тек на четири недели. Симптомите на улцеративен колитис беа значително намалени и ткивото на дебелото црево малку се опорави. Авторите на студијата заклучија дека сокот од алое вера е безбеден и ефикасен во третманот на улцеративен колитис и планираат да спроведат дополнителни студии за потенцијалната употреба на алое вера кај луѓе со воспалителна болест на цревата.
Aлое вера и здравје на срцето
Алое вера е добра за срцето, велат истражувачите кои ја објавија својата работа во јануари 2010 година во Журналот за фармацевтска фармакологија. Целта беше да се намали оксидацијата и да се врати антиоксидантниот статус во нормала. По 20 дена, резултатите покажале дека алоето четири пати го зголемило нивото на антиоксидантот глутатион, што е показател за својствата на растението за заштита на срцето.
Дејствува против ракот
Комбинацијата на алое вера и мед може да заштити од рак, како што покажаа резултатите од студијата објавена во 2010 година во списанието Phytotherapy Research. Комбинацијата од сок од алое вера и мед помогна во намалување на туморите. Истражувачите заклучија дека алое вера и мед може да се користат за да се спречи размножувањето на клетките на ракот и да се поддржи апоптозата – програмирана клеточна смрт.