Парадентоза- проблем со кој се соочуваме

Парадентоза , проблем со кој се соочуваме

Парадентозата стана проблем, со кој се соочуваат со поголем број луѓе и може да се каже дека младите луѓе до 40 години се се повеќе затекнати од оваа состојба. Парадентозата е болест на мекото тково во устата, гингивата.
Оваа заболување предизвикува повлекување на гингивата од нејзиното нормално лежиште, при што доаѓа до расклатување на забите , за на крај и нивно опаѓање. Досега нема пронајдено лек со кој што би се третирала ваквата состојба на гингивата. Најчесто и како најпрва интервенција , сите посегнуваме по комерцијалните препарати како исплакнувачи за уста.
Секако , дека тоа не е лек, можеби само делува на психолошкиот момент кај пациентите. Исто така, плаковите за уста можат дополнително да ја влошат состојбата , доколку содржат алкохол.
Доплнителен проблем прават и пастите за заби со вкусови , четкањето на забите треба да биде задоволство , но сепак не треба да дава чувство на јадење сладолед или пиење Coca Cola. П роблемот во устата , всушност настанува од храната и пијалоците , кои содржат премногу шеќери , па која е иронијата на индустријата во овој случај. Препорака на стоматолозите кои не ги следат исклучиво профитабилните трендови е да се користат меки четки при четкањето на забите и да се користи паста со базна содржина , без вкусови или засладувачи.

Исто така плаковите за уста да не содржат алкохол. Сите овие препарати се достапни во подобро снабдените аптеки. Не се поскапи од другите комерцијални препарати , што значи дека нема да предизвикат дополнителни трошоци кај пациентот. Во почеток , можеби пациентот ќе има чувство како да усната шуплина не е доволно чиста , затоа што ќе го нема лутиот здив од пастата за заби , но со време ќе ги види придобивките од третманот со тоа што ќе воочи како парадентозата мирува.

Фарм. Тех. Наташа Велкова