Суплементација со докосахексаеноичната киселина (DHA)

Суплементација со докосахексаеноичната киселина (DHA)

Докосахексаеноичната киселина (DHA) е омега-3 масна киселина која се наоѓа заедно со еикозапентаеноичната киселина (EPA) во рибите со ладна вода, вклучувајќи туна и лосос.

Оваа омега 3 масна киселина игра клучна улога во развојот на окото и нервните ткива. DHA исто така може да го намали ризикот од срцеви и циркулаторни заболувања, преку намалување на коагулацијата на крвта, намалување на отокот , едемот и воспалението и намалување на нивото на триглицеридите во крвта.

Суплементацијата со ДХА се користи во текот на бременоста, препорачано со протоколи базирани на големи студии, Но исто така се препорачува и постнатално кај недоносени новороденчиња. Се додава за зајакнување на меморијата и вештините за размислување, за помагање на развојот на доенчињата и децата, за одредени нарушувања на очите и многу други состојби.

Особено е значајна улогата на ДХА кај превенција на предвремено породување.  Земањето на DHA преку уста за време на бременоста се чини дека го намалува ризикот од предвремено породување.

Суштинската улога на DHA во феталниот невролошки развој кај видовите цицачи е добро утврдена. DHA се транспортира до новороденчето во текот на последниот триместар од бременоста кај луѓето и се совпаѓа со подоцнежните фази на созревање на мозокот и мрежницата во окото. Во моментов се проценува дека 67-75 mg/ден на DHA се акумулираат во матката во текот на последниот триместар од бременоста.  Dhobale et al., покажале поврзаност помеѓу плацентарната тежина и концентрацијата на DHA, и корелација помеѓу плацентарната тежина и тежината и должината на доенчињата кај предвремено породување, што покажува дека нивоата на DHA во плацентата влијаат на моделите на фетален раст. Поновите студии кај животни сугерираат дека раната изложеност на DHA влијае на невронската диференцијација, поточно, DHA е критично важен за оптимален развој на допаминергичната сигнализација.

Достапноста на DHA за фетусот зависи од исхраната на мајката. Во моментов, актуелни се клиничките препораки за дополнување со ω-3 масни киселини за време на бременоста.  Неколку студии ја процениле ефикасноста на мајчиното дополнување врз невро-развојот на доенчињата или имунолошките одговори . Мета-анализа укажува на зголемување на просечната гестациска возраст и родилна тежина и намалување на бројот на доенчиња родени пред 37-та недела од бременоста кај мајките кои примаат суплементација со w-3 LCPUFA за време на бременоста. Препорачани дневни дози внесени како суплементација се 200 мг дневно. Интересно е тоа што студиите кои покажуваат најголема ефикасност користеле дози во опсег од 1-2 g/ден, многу повисоки од студиите кои известуваат за негативни резултати и повисоки од повеќето неформални препораки во САД.

Предвремено породување

Бидејќи толку голем дел од акумулацијата на феталната DHA се јавува во текот на последниот триместар од бременоста , недоносените бебиња се особено ранливи на недостаток за време на критичните прозорци на невроразвојот. Всушност, Szajewska et al. нашле пониски нивоа на LCPUFA во црвените крвни зрнца на недоносените доенчиња во споредба со терминските контроли. Во особен ризик се предвремено родените кои се подложени на непосредни медицински интервенции, кои се хранат која малку или никаков преформиран DHA, што дополнително го влошува недостатокот кај овие мали доенчиња. Намалената потрошувачка на риба од страна на жените кои јадат западна диета влије на концентрациите на DHA на мајчиното млеко. Всушност, доилки е документирано дека имаат само 23 mg DHA дневно во нивната исхрана, што пак се рефлектира како 15 mg/100 ml млеко или 0,1-0,2% од вкупната содржина на масни киселини. Специфичното дополнување на DHA и кај доенчето и кај потенцијално доилката мајка може да биде особено важно за предвремено родените доенчиња кои го пропуштаат зголемувањето на DHA во текот на третиот триместар доколку би бие во матката.

Развој и раст на доенчињата

 Повеќето податоци покажуваат дека фетусот или новороденчето првенствено зависи од мајчините извори или надворешните резерви на ДХА и на другите омега масни киселини.

Спроведени се многу студии за проценка на когнитивните исходи на доенчињата споредувајќи го доењето или различни производи од формула со и без додаден DHA . Севкупно, податоците покажуваат суптилна корелација помеѓу постнаталната суплементација на DHA и подобрените невроразвојни исходи за недоносените доенчиња, но не и за доносените бебиња. Една неодамнешна мета-анализа на претходни испитувања заклучи дека недоносените бебиња хранети со формула дополнета со LCPUFA и тестирани со помош на второто издание на Бејлиевата скала на Индексот за ментален развој на доенчиња покажаа предност од 3,44 поени (95% CI: 0,57, 6,31) во споредба на доенчиња хранети со контролна формула. Ова е мала разлика на индивидуално ниво, помалку од една четвртина од едно стандардно отстапување, но може да биде значајно на ниво на население.

Несакани ефекти

Кога се зема преку уста: DHA веројатно е безбеден за повеќето луѓе. Се користи безбедно до 4 години. Повеќето несакани ефекти се благи и вклучуваат проблеми со желудникот и цревата. Но, луѓето не треба да земаат повеќе од 3 грама DHA или други омега-3 масни киселини дневно, а не повеќе од 2 грама дневно треба да доаѓаат од додаток во исхраната. Земањето повеќе од 3 грама дневно DHA и други омега-3 масни киселини е веројатно небезбедно. Тоа може да го забави згрутчувањето на крвта и да ја зголеми можноста за крварење.

 д-р Елма Абдула Хасанаговски, специјалист гинеколог-акушер
Санте Плус Хоспитал