Редовна употреба на пробиотици за здрав                метаболизам и јак имунитет

Untitled design (16)

 Пробиотиците  се важни за целокупното  здравје и благосостојба. Пробиотиците се повеќе од само последниот здравствен тренд, тие се добри бактерии кои му се потребни на целиот организам. Дефинирани се како живи микроорганизми, кои живеат во гастроинтестиналниот тракт и играат важна улога во варењето на храната и имунитетот. Овие пријателски бактерии помагаат во одржувањето на нормалната рамнотежата на цревната микрофлора. Пробиотиците се користат за лекување на широк спектар на болести, заболувања и состојби кои влијаат врз луѓето и животните.

Иако најчесто се смета дека помагаат само на дигестивниот тракт каде и живеат, пробиотиците всушност имаат многу поширок ефект. Редовната долгорочна администрација на пробиотиците позитивно влијае врз целиот организам. Се знае дека диетата, стресот и антибиотиците ја уништуваат цревната микрофлора, па затоа се препорачуваат пробиотиците. 80% од вашиот имунолошкиот систем потекнува од цревната микрофлора. Пробиотиците го појачуваат нашиот имунолошки систем и можат да ги стимулираат одбранбените одговори што ни се потребни за борба против патогени во цревата. Дополнително, тие се борат и против инфекции на  уринарниот систем. Многу видови на бактерии се класифицирани како пробиотици. Сите имаат различен бенефит, но повеќето доаѓаат од три групи. Лактобацилус, Срептококус и Бифидобактериум.

Може да се каже дека Лактобацилус е најчест пробиотик. Тоа е оној што ќе го најдете во јогуртот и друга ферментирана храна. Различни видови можат да помогнат при дијареја и може да им помогнат на луѓето кои се интолерантни на лактоза.

Бифидобактериум може да се најде во некои млечни производи. Тој помага да се олеснат симптомите на синдром на иритабилно црево (IBS) и некои други состојби.

Saccharomyces boulardii е квасна габа што се наоѓа во пробиотиците. Помага во борбата против дијареа и други дигестивни проблеми. Сеуште се истражува за тоа кои пробиотици се најдобри за одредени здравствени проблеми. Некои од здравствените сосстојби за кои се користат се: Синдром на иритабилни црева, Воспалителна болест на цревата (IBD), инфективна дијареа (предизвикана од вируси, бактерии или паразити), дијареа предизвикана од антибиотици, егзема, уринарни и вагинални инфекции, алергии. Пробиотиците можат да помогнат да го зголемат имунолошкиот систем и да го инхибираат растот на штетните цревни бактерии. Исто така, покажано е дека некои пробиотици го стимулираат производството на природни антитела во телото. Тие исто така можат да ги засилат имуните клетки како клетките кои произведуваат IgA и Т лимфоцитите. Подолгото администрирање на пробиотици се поврзува со намалување на траењето на респираторните инфекции.

Д-р Сања Манчева