КОГА Е НАЈДОБРОТО ВРЕМЕ ЗА ВЕЖБАЊЕ

EGE

Вежбањето е дел од здравите животни навики, но не така ретко се среќаваме со дилемата, дали е подобро да се вежба наутро или попладне. Всушност нема точен одговор. И двете рутини на вежбање си имаат свои предности и недостатоци.

Вежбање наутро

Предности од вежбање наутро се:

  • Со завршување на вежбањето до 9 часот наутро се зголемува егото, бидејќи сте успеале да завршите нешто, а другите можеби сеуште не го ни започнале денот.
  • Исто така вежбањето наутро го зголемува нивото на ендорфин, па поголемо е чувството на среќа и релаксираност.
  • Се согореваат повеќе масти. Вежбањето со празен стомак, согорува 20 % повеќе масти отколку вежбањето преку ден.
  • Вежбањето наутро го стимулира метаболизмот, па во текот на денот многу повеќе калории ќе се трошат.
  • Вежбањето наутро овозможува поквалитетен сон навечер, додека вежбањето поладне може да влијае на квалитетот на сонот.

Вежбање попладне

Предности:

  • Имате време за дополнителен сон наутро.
  • Телесната температура е највисока помеѓу 14:00 и 18:00 часот, па оваа покачена температура ја оптимизира мускулната работа и сила.
  • Внесот на кислород во телото е поголем во поладневните часови, а тоа значи дека резервите се користат поспоро и поефикасно поладне.
  • Рефлексите попладне се побрзи, а срцевата работа и крвниот притисок се на најниско ниво, па тоа го намалува ризикот од повредување.

Па, одлуката дали ќе вежбате наутро или навечер е ваша, во зависност од Вашите преференци, но најбитно од се е да вежбате и тоа да е Ваша редовна рутина.