МЕДОТ Е ЕФИКАСЕН АНТИБИОТИК

6666

Медот не само што е вкусен, туку може и да лекува. Некои видови мед се уште поефикасни од антибиотиците во лекувањето на рани и инфекции, велат истражувачите од Универзитетот во Сиднеј, Австралија.

„Во повеќето случаи, ефектите од антибиотиците се ограничени на одредени видови бактерии. Повеќето микроби, особено оние кои предизвикуваат т.н. нозокомијалните инфекции се отпорни на барем еден антибиотик. Од друга страна, најновите истражувања покажуваат дека медот делува против сите причинители на инфекции, вклучително и инфекции отпорни на повеќе лекови. Излегува дека бактериите не можат да се прилагодат и да станат отпорни на медот, како што е случајот со антибиотиците“, велат австралиските научници, цитирани од Би-Би-Си.

Друга област во која медот се покажува како ефикасен е заздравувањето на раните. Затоа, австралиските научници препорачуваат пчелниот производ да се користи пошироко во фармацијата во производството на разни масти. Според нив, неговото антиинфламаторно дејство се должи на метилглуоксалот и другите негови се уште недоволно проучени состојки.