ПЕТ ЧЕКОРИ ЗА ЗДРАВА ПРОСТАТА

Picture1

На одредена возраст сите мажи се соочуваат со проблеми со простатата, било да се работи за простатитис, бенигна хиперплазија на простата или рак на простата. Најдобар совет за пациентите да се справат со овој предизвик е да се превземат чекори да се превенира да не дојде до некое од овие заболувања. Има многу природни начини со кои може да си помогнете во подобрување на здравјето на простатата и намалување на интензитетот на веќе пројавените симптоми.

Промената на животниот стил, создавање на навика за редовно вежбање и соодветна исхрана имаат огромно влијание врз здравјето на простатата. Во случај на хроничен простатитис, кој е доста често тежок за третирање, покрај употребата на антибиотици, задолжително се препорачува некој од следните „природни“ начини за олеснување на симптомите и за поттикнување на ефикасноста на третманот.

Пијте чај

Зелен чај и чај од хибискус се најблагопријатни топли пијалоци за здрава простата. Двата типа на чај содржат моќни антиоксиданти кои можат да превенираат појава на канцер на простата или да ја намалат прогресијата на симптомите од агресивен канцер на простата. Препорачливо е да се употребува без кофеински чај, бидејќи кофеинот може да ја иритира простатата и мочниот меур. Доколку имате уринарни симптоми или симптоми на болка, кофеинот може да ги појача овие симптоми. Исто така избегнувајте и пијалоци кои содржат кофеин, како што се енергетските пијалоци. Исто така важен напиток за здрава простата е водата, останете хидрирани, не се обидувајте да намалите со конзумирање на вода, за да ја намалите количината на урина.

Вежбајте и намалете ја тежината

Вежбањето и намалувањето на тежината се едни од најдобрите чекори што можете да ги превземете за здрава простата. Многу истражувања покажаа дека умерен режим на вежбање го намалува ризикот од БПХ и симптоми на уринарниот тракт, а ги подобрува симптомите кај простатитис. Вежбањето исто така влијае позитивно на кардиоваскуларното здравје, а притоа придонесува и за превенција на други здравствени проблеми , како на пример и при проблеми со сексуалната функција. Неодамнешно истражување објавено во Стручното списанието на уролози (Journal of Urology) покажа дека обезни мажи, особено оние кои имаат поголем процент на абдоминални маснотии имаат поголем ризик за БПХ.

Применувајте соодветен диетарен режим

Има многу хранливи состојки кои благопријатно делуваат на простата и кои можат да помогнат во превенција на канцер на простатата, преку намалување на растот на канцерозни клетки. Масни морски риби, богати со омега 3 масни киселини, зеленчуци и храна богата со здрави масти како авокадо, јаткасти плодови и маслинки се препорачливи за редовно конзумирање кај пациенти кои имаат проблеми со простата. Исто така печурки, патлиџан, сок од калинка и ореви.

Во одредени делови од светот каде што е забележано помала фреквенција на појава на канцер на простата, било забележано дека одреден тип на исхрана имаат заеднички карактеристики. Кај пациенти кои се ризични за рак на простата се препорачува да се избегнува храна богата со шеќери, обработена храна и храна богата со заситени масти. Медитеранскиот тип на исхрана е препорачлив за ризичните пациенти, бидејќи е исто така и животен стил и диета која може лесно да стане секојдневие.

Користете суплементи

Препораките за промена во исхраната се одлични, но често модерниот начин на живот и работа го ограничуваат времето кое ни е на располагање и можеме да го посветиме за задоволување на барањата во процесот на исхрана. Затоа е добро да се прифатат суплементите кои се развиени за таа намена и да се створи навика на употреба на истите се со цел да се надополнат потребите за супстанции кои ќе помогат во превенцијата на проблемите со простата.

Намалете го стресот

Стресот негативно влијае на здравјето на простатата. Всушност потврдено е дека некои мажи, при стрес неволно ги контрахираат пелвичните мускули. Овие контракции може да предизвикаат хронични проблеми со пелвичните мускулии, а може да бидат причина за појава на простатитис. Стресот исто така може да ги влоши и симптомите на уринарна инконтиненција, да ја зголеми потребата за зачестено мокрење, како и појавата на болки при мокрењето.

Од друга страна постоењето на проблем со простатата го зголемува стресот и вознемиреноста, па тоа може да доведе до влошување на симптомите, бидејќи стресот влијае на имуниот систем и способноста за справување со болеста. Затоа многу е важно да се внимава на стресот и да се посвети внимание на емоционалното здравје. Препорака е да се практикува медитација, сеанси на опуштање, прошетки во природа, вежби за опуштање како јога или таи чи, но и доколку има потреба и фармаколошки третман, по препорака на лекар. Немојте да се изолирате кога ќе утврдите дека имате проблеми со простатата, одржете ги вашите социјални релации и одржете ги врските со пријателите, бидејќи убаво е да имате со кого да зборувате за проблемите, ставовите и болката.

Следењето на овие препораки, може позитивно да делува на менаџирањето на проблемите со простата. Ова се препораки кои нема многу да ве коштаат, а можете да почнете уште веднаш да ги практикувате.

Штом ќе забележите дека проблемите со простатата може лесно да се намалат или избегнат доколку се придржуват кон здрава исхрана, регулирана телесна тежина и здрав животен стил, веднаш можете да го прилагодите начинот на живот кон подобро здравје за простатата. Практикувањето на овие препораки, ќе влијаат позитивно и на вашето ментално, но и на општата здравствена состојба.