ПРОБИОТИЦИТЕ МОЖЕ ДА ПОМОГНАТ ВО РАСПОЛОЖЕНИЕТО И КОГНИТИВНИТЕ ФУНКЦИИ

gut-brain-axis-anxiety-depression-fatigue

Дали знаевте дека пробиотиците освен тоа што делуваат врз подобрување на здравјето на дигестивниот систем, исто така можат индиректно да влијаат врз вашиот мозок.

Тоа што влијае врз дигестивниот систем  често се рефлектира на мозокот и обратно. Кога вашиот мозок ќе почувствува проблеми – одговор за борба или бегање – тој испраќа предупредувачки сигнали до цревата, поради тоа стресните моменти кај човекот често се попратени со дигестивни проблеми или вознемирен стомак. Од друга страна, нападите на дигестивниот систем како синдром на иритабилни црева (IBS), Кронова болест или хроничен запек може да предизвикаат анксиозност или депресија. Чувството на „пеперутки во стомакот“ се всушност нервите во гастроинтестиналниот тракт што укажуваат дека сме под стрес или загрижени.

Мозочно – дигестивна оска работи и на други начини како на пример вашите црева помагаат да се регулира апетитот со тоа што се пренесуваат сигнали до мозокот кога е време да престане да јаде. Околу 20 минути после јадење, цревните микроби произведуваат протеини кои можат да го потиснат апетитот, кое обично се совпаѓа со времето кое често им е потребно на луѓето да почнат да се чувствуваат сити. Врската помеѓу мозокот и дигестивниот систем е многу поголема отколку што разбираме.

Истражувањата покажуваат дека дигестивниот систем и мозокот се поврзани, партнерство наречено мозочно – дигестивна оска или акциса. Поврзани се преку биохемиска сигнализација помеѓу нервниот систем во дигестивниот тракт кој е наречен ентеричен нервен систем, и централниот нервен систем, кој го вклучува мозокот. Примарната информативна врска помеѓу мозокот и цревата е вагусниот нерв, најдолгиот нерв во телото.

Дигестивниот систем е наречен и „втор мозок“ бидејќи произведува исти невротрансмитери како и мозокот, како што се серотонин, допамин и гама-аминобутерна киселина, од кои сите играат клучна улога во регулирање на расположение.  

Всушност се смета дека 90% од серотонин се создава во дигестивниот тракт.

Како може пробиотиците да се вклопат во оваа приказна помеѓу мозокот и дигестивниот систем ?

Некои истражувања покажаа дека пробиотиците може да помогнат врз подобрување на расположение и когнитивни функции како и намалување на стрес и анксиозност.

  • Во една студија од Frontiers in Aging Neuroscience  група пациенти со Алцхајмерова болест кои земале млеко направено со четири видови пробиотски бактерии во текот на 12 недели постигнале подобри резултати на тестот за мерење на когнитивни функции  во споредба со оние кои пиеле млеко.
  • Една студија од 2013 година објавена во списанието Гастроентерологија истажувале група жени кои внесувале јогурт со мешавина од пробиотици, два пати на ден во период од четири недели, резултатите покажале дека биле доста посмирени кога им било дадено слики на лути и исплашени лица во споредба со контролната група.

Докажано е дека постои јасна врска помеѓу цревата и мозокот. Оваа област на истажување е се уште во тек која рапидно расте секојдневно. Сепак лекарите не можат да ги сметаат пробиотиците како третман за било какви нарушувања поврзани со мозокот.

Меѓутоа пробиотиците имаат здравствени придобивки во други области, вклучително дигестивни нарушувања, егзема, дерматитис и здравјето на срцето и на таков индиректен начин влијаат врз мозочните функции.