На 24 Март секоја година се одбележува „Светскиот ден на туберкулоза (ТБ)“, а со цел да се подигне јавната свест за катастрофалните здравствени, социјални и економски последици од туберкулозата (ТБ) и да се засилат напорите за ставање крај на глобалната епидемија на туберкулозата (ТБ).

Датумот го означува денот во 1882 година кога д-р Роберт Кох објавил дека ја открил бактеријата што предизвикува туберкулозата (ТБ), што го отвори патот кон дијагностицирање и лекување на оваа болест.
