Кога мислите на храна и алергии, може да помислите на конзумирање на одредени видови храна за да ја намалиме несакана реакција. Врската помеѓу сезонските алергии и храната е ограничена на неколку групи на храна, познати како храна со вкрстена реакција. Реакции на вкрстено-реактивна храна може да доживеат оние со сезонски алергии на бреза, ајдучка трева или други цветни растенија.
Настрана од тие групи на храна, сезонските алергии, исто така наречени поленска треска или алергиски ринитис, се јавуваат само во одредени делови од годината – обично пролет или лето. Тие се развиваат кога имунолошкиот систем претерано реагира на алергени, како што е растителниот полен, што резултира со многу застој, кивање и чешање.
Додека третманот обично вклучува лекови без рецепт, промените во животниот стил исто така може да помогнат во олеснување на вашите пролетни неволји. Додавањето одредена храна во вашата исхрана всушност може да помогне во ублажување на симптомите како течење на носот и солзење на очите. Од намалување на воспалението до зајакнување на имунолошкиот систем, постојат голем број на диететски избори кои можат да помогнат да се ублажат неволјите од сезонските алергии.

ПРЕДЛОГ ЛИСТА НА ХРАНА СО КОЈА ТРЕБА ДА ПРОБАТЕ ПРИ АЛЕРГИИ
Ѓумбир
Многу од непријатните симптоми на алергија доаѓаат од воспалителни проблеми, како што се оток и иритација во носот, очите и грлото. Ѓумбирот може да помогне во намалувањето на овие симптоми природно.
Од пред илјадници години, ѓумбирот се користел како природен лек за голем број здравствени проблеми, како гадење, болки во зглобовите. Докажано е дека содржи антиоксидативни, антиинфламаторни фитохемиски соединенија. Сега, експертите истражуваат како овие соединенија можат да бидат корисни за борба против сезонските алергии. Направена е студија на животни каде ѓумбирот го потиснувал производството на проинфламаторни протеини во крвта на глувците, што довело до намалување на симптомите на алергија.
Не постои разлика во антиинфламаторниот капацитет на свежиот ѓумбир наспроти сувиот.

Куркума
Куркумата е добро позната по својата антиинфламаторна моќ поради добра причина. Нејзината активна состојка, куркумин, е поврзана со намалени симптоми на многу болести предизвикани од воспаление и може да помогне во минимизирање на отокот и иритацијата предизвикани од алергискиот ринитис. Иако ефектите на куркумата врз сезонските алергии не се опширно проучени кај луѓето, студиите врз животни ветуваат успех на ова поле. Една од нив покажа дека лекувањето на глувците со куркума го намалува нивниот алергиски одговор.
Куркумата може да се зема во таблети, во прав или чаеви – или, се разбира, да се јаде во храна. Без разлика дали земате куркума како додаток или ја користите во готвењето, задолжително изберете производ во којима и црн пипер, или поврзете ја куркумата со црн пипер во вашиот рецепт. Црниот пипер ја зголемува биорасположивоста на куркуминот до 2.000 проценти.
Полен од пчели
Пчелниот полен не е храна само за пчелите – може да се јаде и од луѓето! Оваа мешавина од ензими, нектар, мед, цветен полен и восок, често се продава како лек за поленска треска.
Истражувањето покажува дека пчелниот полен може да има антиинфламаторни, антигабични и антимикробни својства во телото. Во една студија за животни, пчелниот полен го инхибира активирањето на мастоцитите – клучен чекор во спречување на алергиски реакции.
Каков вид пчелен полен е најдобар и како да го јадете? Постојат некои докази кои ја потврдуваат тезата дека треба да се конзумира локален пчелен полен, за да помогне да се изгради отпорноста на вашето тело на поленот на кој сте изложени. Затоа ако е можно, побарајте пчелен полен на вашиот локален пазар.
„Важно е медот да биде локален, така што истиот локален полен на кој вашето тело пројавува знаци на алергија, ќе биде содржан во пчелниот полен кој ќе го конзумирате“

Цитрусни овошја
Нашите баби ни кажуваат дека витаминот Ц ја спречува настинката, тој може да помогне да се скрати времетраењето на настинката, како и да понуди придобивки за оние кои страдаат од алергија. Јадењето храна богата со витамин Ц се покажа дека го намалува алергискиот ринитис, иритацијата на горниот респираторен тракт предизвикана од поленот од расцветаните растенија.
Затоа, за време на сезоната на алергии, слободно јадете цитрусни овошја со висока содржина на витамин Ц како портокали, грејпфрут, лимони, лимети, слатки пиперки и бобинки.

Домати
Иако цитрусот има тенденција да ја добива целата слава кога станува збор за витаминот Ц, доматите се уште еден одличен извор на оваа есенцијална хранлива материја. Еден домат со средна големина содржи околу 26 проценти од препорачаната дневна вредност на витамин Ц.
Дополнително, доматите содржат ликопен, друго антиоксидативно соединение кое помага да се смири системското воспаление. Ликопенот полесно се апсорбира во телото кога е сварен, затоа изберете конзервирани или варени домати за дополнителен поттик.
Лосос и друга мрсна риба
Може ли една риба дневно да го спречи кивањето? Постојат некои докази дека омега-3 масните киселини од рибата може да ја зајакнат вашата отпорност на алергии, па дури и да ја подобрат астмата.
Едно германско истражување од 2005 година покажа дека колку повеќе еикозапентаеноична (EPA) масни киселини имаат луѓето во крвотокот, толку е помал ризикот од алергиска чувствителност или поленска треска. Друга понова студија покажа дека масните киселини помагаат да се намали стеснувањето на дишните патишта што се јавува кај астма и некои случаи на сезонски алергии. Овие придобивки најверојатно доаѓаат од антиинфламаторните својства на омега-3.
Американското здружение за срце и насоки за исхрана за Американците препорачуваат возрасните да добиваат 8 унци (227грама) риба неделно, особено „масните“ риби со ниска жива како лосос, скуша, сардина и туна. За да ги зголемите шансите за ослободување од алергија, настојувајте да ја постигнете или надминете оваа цел.

Кромид
Кромидот е одличен природен извор на кверцетин, биофлавоноид кој можеби сте го виделе да се продава како додаток во исхраната.
Некои истражувања сугерираат дека кверцетинот делува како природен антихистамин, намалувајќи ги симптомите на сезонските алергии. Бидејќи кромидот содржи и голем број други антиинфламаторни и антиоксидантни соединенија, не можете да погрешите да го вклучите во вашата исхрана за време на сезоната на алергии. (Можеби само ќе сакате да го освежите здивот потоа.)
Највисока концентрација на кверцетин има сировиот црвен кромид, а потоа белиот кромид и млад кромид. Готвењето ја намалува содржината на кверцетин во кромидот, па за максимално влијание, јадете го кромидот сиров. Може да ги пробате во салати, во сосови (како гуакамоле) или како прелив за сендвичи. Кромидот е исто така храна богата со пребиотици која ги храни здравите цревни бактерии и дополнително го поддржува имунитетот и здравјето.
ДА ЗАКЛУЧИМЕ
Во пролет сме опколени со расцветување на растенијата и прекрасени мириси кои го опиваат човекот. Овие намирници не се наменети да заменат каков било третман за сезонски алергии, но тие можат да помогнат како дел од вашиот целокупен животен стил. Употребата на споменатите додатоци во исхраната може да ви овозможат да го намалите воспалението и алергискиот одговор за да ја вкусите сезоната, наместо да кивате низ неа.