БОРБА ЗА СЕКОЕ ВЛАКНО

борба за секое влакно (1)

Дали можеме да ја поттикнеме косата повторно да расте?

Алопеција е повеќе од естетски проблем, а во нејзиното лекување дефинитивно е неопходно да се следат препораките на дерматолог.

Зголеменото опаѓање и проретчувањето на косата најчесто ги погодува мажите, но овој проблем не ги заобиколува ниту жените, што често предизвикува незадоволство од изгледот и недостаток на самодоверба. Според Американската академија за дерматолошка асоцијација (AAD), болеста може да започне на која било возраст, но многу луѓе ги забележуваат првичните знаци во тинејџерските години.

На сите повремено ни се случува зголемено опаѓање на косата, но алопецијата е повеќе од естетски проблем и доведува до делумно или целосна ќелавост. Оваа состојба може да биде предизвикана од наследни фактори, автоимуни болести, хормонални пореметувања и стрес, па затоа дефинитивно треба да побарате лекарска помош доколку се сомневате во оваа болест.

Непредвидлива болест

Алопеција ареата се смета за автоимуна болест во која имунолошкиот систем на телото погрешно ги напаѓа фоликулите на косата. Според истражувањата 20% од случаите виновникот е генетиката, а во некои други случаи факторите на околината. Сепак, точната причина се уште не е позната.

Не е можно ниту да се предвиди колку коса или влакна од телото ќе паднат. Повторен раст на косата кај типичната алопеција ареата е вообичаено со месеци или понекогаш со години, но не може да се гарантира. Покрај тоа, англиските експерти додаваат дека повеќето луѓе кои еднаш ќе добијат алопеција може да очекуваат постојано губење на косата.

Како се лекува алопеција?

Третманот и закрепнувањето често зависат од видот и тежината на алопеција. На пример, луѓето со благ облик на проретчена коса може да забележат повторен раст на косата во рок од неколку месеци без никаков третман. Доколку опаѓањето на косата и/или косата е посилно и позастапено, дерматолог може да препорача стероидни инјекции или лекови.

Иако се потребни повеќе истражувања една студија објавена во 2019 година сугерира дека недостатокот на витамин Д може да игра значајна улога.  Во моментов не постои лек за алопеција ареата, меѓутоа истражување кое што е моментално во последна односно трета фаза и е објавено на 26ти март 2022 година во New England Journal of Medicine покажало бенефит од лекот baricitinib дека може да промовира значително повторен раст на косата.