4 ДЕНА МЕДИТАЦИЈА ЗА ПОДОБРА КОГНИТИВНА СПОСОБНОСТ

Colorful Cheerful Illustrative Meditation Class Presentation (1)

Истражувањата ги потврдуваат се повеќе придобивките од медитацијата за расположението, намалување на нивото на стрес и целокупното здравје – но дали знаевте дека медитацијата го зголемува капацитетот на мозокот и го прави когнитивно посилен?

Медитацијата може да ја промени структурата на надворешниот слој на твојот мозок и да ги зголеми мозочните региони поврзани со внимание и сензорна обработка.

Истражувањата покажале дека ја зголемува особено дебелината на кората во хипокампусот – кој го контролира учењето и меморијата. Исто така медитацијата влијае и на одредени делови од мозокот кои ја надгледуваат регулацијата на емоциите. Медитацијата го намалува обемот на амигдалата, која е одговорна за страв, стрес и вознемиреност. Медитацијата ја намалува доминацијата на сетилата, што значи дека сме помалку погодени од надворешните настани и имаме поголема способност да ги манифестираме нашите цели. Таа ни помага да ги видиме работите какви што се навистина, давајќи ни поголемо чувство на јасност за сите нешта и намалување на сомнежот – една од најголемите пречки за ментални, емоционални, физички, духовни и професионални цели.

Бројни студии покажаа дека само неколку минути медитација дневно, може да предизвика зголемено когнитивно подобрување. Една таква студија објавена во Journal of Consciousness and Cognition (април 2010 година) потврдила дека 20 минути медитирање на ден им помага на учесниците во студијата да постигнат подобри резултати на когнитивните тестови, после само четири дена, од контролната група. Групата која употребувала едноставна медитација за концентрација која се состои од фокусирање на дишењето, дала подобри резултати на сите тестови, во некои случаи дури и десет пати подобри отколку во контролната група. Подобрувањето на когнитивните способности се рефлектира во подобра концентрација, подобра меморија и поголемо визуелно внимание.

Освен тоа имало и една студија која била спроведена на учесници од повозрасна група, каде се утврдило дека редовна медитација го намалува когнитивното стареење и можноста за губење на меморијата.

Ова научно истражување ни докажува дека губењето на когнитивните способности како што старееме може да се намали доколку ја вклучиме во нашата редовна секојдневна рутина медитацијата.

Извор: http://www.naturalnews.com/