Генералното собрание на Обединетите Нации (UN) го прогласи 2 Април за „Светски Ден за Свесност за Аутизам“ (World Autism Awareness Day) за да ја нагласи потребата за подобрување на квалитетот на живот на лицата со аутизам, а со цел да може да водат целосно исполнет живот како интегрален дел од општеството.
Аутизам е доживотна неуролошка состојба која се манифестира за време на раното детство, без разлика на пол, раса и социо-економскиот статус. Поимот „Аутистичен спектар“ означува ранг на неуролошки карактеристики. Соодветна подршка, сместување и прифаќање на неуролошките варијации овозможуваат луѓето со различен спектар на аутизам да имаат целосна рамноправност и ефективна активна улога во општеството.

Стигматизацијата и дискриминацијата на лицата со аутизам останува главна препрека за дијагноза и терапија, а подигнувањето на свеста е клучно за надминување на овие препраки.

Мора да се осигураме дека правата, можностите и благосостојбата на лицата со посебни потреби, вклучувајќи ги и лицата со аутизам, се составен дел од градењето на општеството, особено во услови на пандемија.
António Guterres, General Secretary of the United Nations
