ЕДЕН ПИЈАЛОК НА ДЕН МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ПРОМЕНИ ВО МОЗОКОТ

Untitled design (8)

Обемното пиење е поврзано со низа потенцијални здравствени проблеми, од оштетување на црниот дроб до зголемен ризик од рак. Но, повеќето луѓе веројатно не би помислиле дека само еден пијалок на ден е голема закана за здравјето. Новите истражувања сугерираат дека дури и еден пијалок дневно е поврзан со забележливи промени во мозокот, иако не е јасно дали алкохолот ги предизвикува тие промени.

Претходните истражувања покажаа дека луѓето со нарушување на употребата на алкохол имаат структурни промени во нивниот мозок во споредба со мозокот на здравите луѓе, како што се намалена количина на сива материја и бела маса. Но, тие наоди беа кај луѓе со историја на обемно конзумирање на алкохол, кое било дефинирано како повеќе од четири пијалоци дневно за мажи и повеќе од три пијалаци дневно за жени.

Во меѓувреме, еден дневен пијалок се придржува до националните диететски упатства од Американското Министерство за здравство, кои советуваат ограничување на два стандардни пијалоци за мажи и еден пијалок за жени секој ден. Но, дали дури и оваа скромна количина на алкохол може да направи разлика во нашиот мозок.

Истражувачите испитувале функционални скенови на мозокот со МРИ од 36.678 здрави возрасни, на возраст од 40 до 69 години, во Велика Британија и ги споредиле тие наоди со неделното консумирање алкохол на учесниците, приспособувајќи се за разликите во нештата како возраста, полот, висината, социо-економскиот статус и земјата на живеење. Во согласност со минатите студии, истражувачите открија негативна поврзаност помеѓу консумирањето алкохол и волуменот на сивата и белата материја. Односно, како што се зголемувал внесот на алкохол кај една личност, обемот на сивата и белата материја се намалувале, што се влошувало колку повеќе пијалоци пиеле неделно. Но, истражувачите, исто така забележаа дека можат да ја направат разликата помеѓу сликите на мозокот на луѓето кои никогаш не пиеле алкохол и оние кои пиеле само 1 или 2 пијалоци на ден.

„Конзумирањето само еден алкохолен пијалок дневно (или две единици алкохол) може да биде поврзано со промени во волуменот на сивата материја и волуменот на белата маса во мозокот“.

Преминувањето од една единица алкохол на ден, на две единици алкохол на ден – односно околу половина литар пиво – било поврзано со промени слични на две години стареење во мозокот. Освен споредувањето на промените со стареењето, сепак, се уште не е јасно што значат наодите додека научниците не спроведат повеќе детални истражувања, вклучително и разгледување на генетиката на учесниците во студијата.

Студијата има и неколку недостатоци. Сите учесници се средовечни Европејци, така што наодите може да бидат различни кај помладите или кај оние со различно потекло. Учесниците, исто така, сами пријавија внесување алкохол за изминатата година, при што треба да се земе во предвид дека можеби не се сеќаваат правилно и приложиле не точни податоци. Сепак идни дополнителни истражувања ќе дадат значителен придонес во расчистување на тезата дали и во колкава мера алкохолот влијае врз оштетувањето на мозочната маса.