Пробиотиците се живи микроорганизми администрираани во соодветни количини даваат здравствена корист на домаќинот. Зборот пробиотик често се користи погрешно и се однесува на било која жива култура, како што е онаа што се користи во традиционалната ферментирана храна – но меѓународна група на научници од ISAPP сугерираат дека терминот треба да се ограничи на микроорганизми кои се правилно дефинирани и докажани дека обезбедуваат здравствена придобивка.
Вашето тело содржи 38 трилиони микроби кои ја сочинуваат вашата микробиота и помагаат да бидете и останете здрави. Пробиотиците имаат улога на подршка на во овие процеси. Пробиотските бактерии може да се најдат во различни видови храна, како што се во јогуртот, адаптираното млеко, како и во додатоците во исхраната. Пробиотиците исто така се користат во некои фармацевтски производи, производи кои не се консумираат орално како на пример тампони и креми.

Што можат да направат пробиотиците за вашето здравјето?
Истражувањата покажаат дека пробиотиците можат да го поддржат здравјето на различни начини. Општо земено, тие можат да помогнат во имуниот и дигестивниот систем, да ги контролираат штетните микроорганизми, да произведуваат витамини и да помогнат во апсорпцијата на хранливи материи. Поточно, постојат докази дека одредени пробиотици можат да:
- Ја намалат дијареата поврзана со антибиотици;
- Помогнат при третман на педијатриска дијареа;
- Подобрат на некои дигестивни симптоми, вклучително и оние предизвикани од благ до умерен синдром на нервозни црева;
- Се намалат симптомите на инфантилна колика;
- Ги превенирааат вообичаените инфекции, вклучувајќи ги и оние на респираторниот тракт, цревата и вагиналниот тракт
При избор на пробиотик, важно е да запомните дека не сите пробиотици имаат исти ефекти. Бактериите се идентификуваат според нивниот род, вид и ознака на соеви. Различни соеви дури и од ист вид може да донесат различни здравствени ефекти. Треба да изберете вид што е проучен и докажан дека ја дава посакуваниот бенефит. Доволната количина на број на бактери е исто така е важна, затоа бидете сигурни дека производот го содржи сето тоа што е потребно за посакуваната здравствена корист.
Дали пробиотиците се безбедни?
Пробиотиците се безбедни без разлика на возрасната група, но секогаш пред употреба задолжително консултирајте се со Вашиот лекар.
Извор: International Scientific Association for Probiotics and Prebiotics