На 7ми април ширум целиот свет се одбележува Светскиот ден на здравјето. Овој ден се одбележува повеќе од 70 години, а токму овој датум е одбран бидејќи е годишнината од основањето на Светската Здравствена Организација. Секоја година се иницира посебна здравствена тема, која ги поврзува луѓето од целиот свет, а оваа година гласи: Наша планета, наше здравје.
Додека се грижиме за себе и нашите најблиски, да не заборавиме да се грижиме и за нашата планета. Имаме само една земја…Потребна ни е и ние сме и потребни.. #HealthierTomorrow

СРЕЌЕН СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО
Дали можеме повторно да го замислиме светот каде ќе имаме чист воздух, вода и храна кои ќе бидат достапни за секој?
Дали економијата ќе биде фокусирана на здравјето и благосостојбата на луѓето?
Дали градовите се погодни за живеење, а луѓето си имаат контрола врз нивното здравје и здравјето на планетата?
Што можете да направите за да ја заштитите нашата планета и нашето здравје?