Афазија е состојба кога постои оштетување на делови од мозокот кои се одговорни за јазикот, обично на левата хемисфера, што влијае на способноста за зборување, како и на способноста за читање и пишување. Генерално се манифестира како нарушување во комуникацијата. Тоа може да се случи одеднаш – по мозочен удар, повреда на главата или прострелна рана – но исто така може да се развива бавно, ако има тумор на мозокот, инфекција или прогресивна невролошка болест.
Мозочниот удар е најчеста причина за афазија, која влијае кај 40% од преживеаните пациенти со мозочен удар. Степенот до кој тоа влијае врз некоја личност може да варира од благ до тежок. Има најмалку 2 милиони луѓе во САД со оваа состојба. Оваа состојба не влијае на интелигенцијата на пациентот, туку на способноста за пристап до идеи и мисли преку нормално функционирање на јазикот.

Кои се видовите на афазија?
Постојат две категории:
Течна афазија – каде што пациентите можат да зборуваат, но говорот што го произведуваат често нема значење, користат долги реченици кои можат да содржат измислени или непотребни зборови.
„Речениците не се поврзани една со друга, а често се користат ирелевантни зборови. Жаргонот станува секојдневие во речникот на пациентот.“
Пациентите обично не се свесни за своите грешки и им е тешко да разберат што зборуваат другите луѓе.
Не флуентна (не течна) афазија – пациентите го разбираат говорот и знаат што сакаат да кажат, но имаат проблем да го кажат. Формирањето звуци е често „макотрпно и несмасно“, а пациентите често зборуваат со кратки фрази во кои испуштаат мали зборови како „е“, „и“ и „на“. Пациентите кои ја имаат оваа форма на афазија можат да ги пеат мислите кои сакаат да ги претворат во говор, иако конекцијата со јазикот е изгубена.
Како се дијагностицира афазија?
Лекарите обично први ја препознаваат и можат да ја тестираат способноста на пациентот да продолжи со разговор и да ги следи командите. Лекарите специјалисти може подетално да ги проценат симптомите и компликациите со кои се среќава пациентот. Доколку пациентот има повреда на мозокот, тогаш со МРИ или КТ скен се потврдува таа повреда.

Како се лекува афазијата?
Во зависност од степенот и причината за повредата на мозокот, говорно-јазичната терапија може да помогне во ублажување на симптомите. Не постои лек за оваа болест, иако повеќето луѓе ги ублажуваат симптомите со текот на времето. Членовите на семејството се клучни во помагањето на пациентите да ја подобрат нивната способност за комуникација. Тие се поттикнати да користат кратки, некомплицирани реченици; вклучете ја нивната сакана во разговорите; избегнувајте да го коригирате говорот на личноста и оставете ѝ многу време да разговара, трпеливо слушајте го секој збор.