МАГНЕЗИУМ И НАМАЛУВАЊЕ НА КРВНИОТ ПРИТИСОК

МАГНЕЗИУМ И КРВЕН ПРИТИСОК

Во Јануари 2022, ФДА (Food and drug administration, FDA, USA) објави дека компаниите кои произведуваат суплементи може да користат здравствено тврдење за употребата на магнезиум и ефектот на намалувањето на крвниот притисок. Сепак, компаните кои ќе користат вакво здравствено тврдење при промоција на нивните производи, мора да постават и објаснување дека доказите кои го потврдуваат ова тврдење се „неубедливи и непостојани“. Дополнителни истражувања и статистички анализи треба да се спроведат за да може со сигурност да се утврди поврзаноста на употребата на магнезиум и ефектот врз намалувањето на крвниот притисок.

Доколку имате висок крвен притисок и сакате да ја подобрите состојбата со внесување на магнезиум, тогаш најдобро е тоа да го направите преку конзумирање на храна која е богата со магнезиум, како што се несолени бадеми, кикири, спањак, грав или банани. Оваа храна е богата и со други нутриенти кои помагаат за намалување на крвниот притисок, на пример растителни влакна, а исто така се со низок ниво на натриум кој пак има спротивно влијание односно го зголемува крвниот притисок.

Употребата на храна со избалансира состав и присуство на микронутриенти, може да биде од клучно значење за пациентите кои имаат проблем со покачен крвен притисок.