Светската недела на имунизација, која секоја година се одбележува во последната недела од април, има за цел да ја истакне потребата за колективна свест и да ја промовира употребата на вакцини за заштита на луѓето од сите возрасти од болести.
Светската Здравствена Организација (СЗО) соработува со земји ширум светот за да ја подигне свеста за значењето на вакцините и имунизацијата и гарантира дека владите ги добиваат потребните насоки и техничка поддршка за спроведување на високо квалитетни програми за имунизација.
Крајната цел на Светската недела на имунизација е повеќе луѓе и нивните семејства, да бидат заштитени од болести што може да се спречат со вакцини.
