Светскиот ден на маларијата е повод да се нагласи потребата од континуирани инвестиции и политичка посветеност за превенција и контрола на маларијата.
Овој ден е воспоставен од земјите-членки на СЗО за време на Генералното Собрание на СЗО во 2007 година.
Светскиот ден на маларијата во 2022 година ќе биде одбележан под мотото
„Искористете ги иновациите за да го намалите товарот од болеста маларија и да спасите животи“
Ниту една алатка што е достапна денес нема да го реши проблемот со маларијата. СЗО повикува на инвестиции и иновации кои ќе донесат нови пристапи за контрола на преносителите, дијагностика, лекови против маларија и други алатки за да се забрза темпото на напредок во борбата против маларијата.
