НА ШТО СЕ АЛЕРГИЧНИ НАШИТЕ МАЛЕЧКИ?

Untitled design (12)

Алергијата е прекумерна реакција на имунолошкиот систем на надворешни супстанции и обично е безопасна за организмот. Кога некое лице е алергично на некоја супстанција, имунолошкиот систем погрешно препознава дека претставува опасност за организмот и го напаѓа. Надворешните супстанции кои можат да предизвикаат алергиски одговор, се нарекуваат алергени. Како алергени можат да дејствуваат некои видови на храна, лекови, домашна прашина, полен итн. Симптомите кај детето ќе зависат од алергенот што ја предизвикува алергиската реакција, како и од организмот на детето.

Во светот има голем пораст на алергии. Според некои статистики 20-25% од луѓето „страдаат“ од некаква алергија. Кај повеќето деца, алергиите почнуваат да се манифестираат во раното детство (атопичен дерматитис, чести респираторни инфекции, инфекции на увото…), а особено доколку имаат позитивна семејна историја на атопија. Предиспозиција за алергии се наследува од родители или блиски роднини, но само некои деца развиваат алергиско нарушување за време на растот и развојот.

Алергии на полен

Поленот од цвеќињата, дрвјата и тревата предизвикува алергиски реакции. Иритирачките симптоми како кивање, растечен нос и насолзени очи кај некои лица се лесни и подносливи. Сепак, во ретки случаи може да доведат до астматична реакција. Затоа, многу е важно да не се игнорира потребата од консултација со стручни лица, особено кога станува збор за деца со поленска алергија. Најчесто детето има симптоми на затнатост на носната слузница и неможност да дише низ носот, туку само преку устата. Доколку навремено не подложи под третман и останува како еден долгогодишен проблем се јавуваат подоцна кај детето видливи лицеви и дентални нарушувања. Алергијата, исто така, доведува до зголемена акумулација на ушниот восок. Ова може да предизвика инфекција и да го отежне слушањето со чести симптоми на болка и чешање на увото.

Најчести симптоми на алергиско предизвикано долно респираторно заболување се сува, иритирачка кашлица (почесто во текот на ноќта), чувство на тежина или притисок во градите, отежнато дишење. Честопати предизвикувачите на симптомите на алергиска болест, особено на долниот респираторен систем се неспецифични, и како такви можат да го отежнат поставувањето на правилна дијагнозатоа, дел од причинителите се: респираторна инфекција, физички напор, емоционален стрес, изложеност на ладен воздух, висока влажност (магливо време), чад од тутун и слично.

За разлика од инфекцијата на дишните патишта, која обично е придружена со треска и исчезнува по кратко време спонтано или со антибиотска терапија (во зависност од причината за болеста), симптомите на алергија траат многу подолго или се повторуваат, а исчезнуваат само со соодветни лекови.

Атопичен дерматитис

Oсвен алергија на полен други детски алергии се: атопичен дерматитис, уртикарија и контактен дерматитис

Атопичен дерматитис е најчестата хронична кожна болест во детството. Промените на кожата се манифестираат со сувост, црвенило и чешање на

Атописки дерматитис по дефиниција претставува алергиско хронично воспаление на кожата со имунолошка основа и повремено влошување на состојбата. Обично се појавува помеѓу 3. и 6. месец во животот и се означува како инфантилен атописки дерматитис (Infantilni Egzem, doenecki egzem, eczema infantum). Во повеќето случаи исчезнува по втората или третата година од животот на децата, меѓутоа, во некои случаи знае да рецидивира (да се повторува).

Етиолошкиот причинител во целост не секогаш се докажува. Често првите симптоми на болеста се појавуваат во исто време со внесување нови намирници, како што се кравјо млеко, јајца, брашно, портокал… Дечиња што имале атописки дерматитис како доенчиња имаат склоност да заболат и од други алергиски болести во текот на животот. Освен тоа, во семејства каде што повеќе членови имаат алергиска предиспозиција има поголема инциденца на алергиски болести, за разлика од останатата популација.

Уртикарија се јавува кај 20% од луѓето во текот на нивниот живот (најчесто во детството). Се манифестира со појава на уртикa предизвикана од оток и алергиска реакција на кожата, која потсетува на промени кои се јавуваат после контакт со коприва. Се појавуваат црвени печати со различна големина, со неправилен облик, подигнати над нивото на кожата. Детето се жали на чешање, со што состојбата се влошува, а може да се појават и ситни повреди. Копривницата се јавува кога детето преку уста ќе внесе  некој алерген (храна, пијалак, лекови). Најчести алергени се конзерванси, вештачки бои и засладувачи, риба, јаткасти плодови, јајца, чоколада.

Контактниот алергиски дерматитис се јавува како резултат на продолжено или повторено изложување на одредена област на кожата на алерген. Најзастапени се никел, хром, кобалт, соединенија на жива, формалдехид, детергенти, пластика, козметика, лекови, гума, некои прехранбени производи, животински влакна.

Алергии на храна или лекови

Тие може да се манифестираат како чешање, уртикарија, црвенило, чувство на печење или оток во мукозните мембрани на усната празнина, абдоминална болка, дијареа, повраќање, па дури и проблеми со дишењето. Поплаките се јавуваат по контакт на оралната мукоза со одредена храна или лекови или нивно голтање.

Лекувањето на алергиите е долгорочно бидејќи е хронично заболување и бара редовен медицински надзор и соработка на повеќе специјалности.