ПРАШАЈТЕ ГИ ЕКСПЕРТИТЕ! ПРОБИОТИЦИ ВО ТРЕТМАН НА АТОПИЧЕН ДЕРТМАТИТ

nazdravje.mk (2)

Двајца професори одговараат на прашањето:

Дали пробиотиците помагаат во лекувањето и спречувањето на АТОПИЧЕН ДЕРМАТИТИС?

Проф. д-р Manuel Rial Prado
Алерголог, Универзитетски болнички комплекс -Ла Коруња, Шпанија

Атопичен дерматитис е точка на поврзаност помеѓу алергиска и автоимуна болест. Пробиотиците и синбиотиците ја фаворизираат експресијата на антиинфламаторните Th1 цитокини кои произведуваат терапевтски придобивки кај пациенти со атопичен дерматитис. Од друга страна, Светската Алерголошка Организација препорачува да се користат пробиотици кај бремени жени и доилки кои се висок потенцијал за ризик на алергија кај нивните деца, бидејќи имајќи ги предвид сите критични исходи, постои корист што првенствено произлегува од превенција на егзема, тие ја имаат истата препорака кај доенчиња со висок ризик од развој на алергии.

Проф. Denica Zheleva,
Клиника за Дерматологија, Софија, Бугарија

Атопичен дерматитис е една од неинфективните болести кои се зголемува во 21виот век. Претставува еден огромен предизвик за пациентите и за лекарите. Со постојан раст на инциденца и преваленца, болеста носи социјален и економски товар.

Атопичен дерматитис (АД) е најчестото воспалително заболување на кожата кај децата и претставува сериозен проблем за здравствените работници ширум светот со импресивен ефект врз квалитетот на животот на пациентите. Од 40-60% педијатриски пациенти со АД продолжуваат да имаат симптоми во подоцнежниот живот. Иако АД често започнува во раното детство, постојат почетни форми и кај возрасните кои започнуваат во адолесценцијата или зрелост. Повеќето од пациентите со АД можат да ја контролираат својата болест со локална терапија и емолиентна крема за нега на кожата. Меѓутоа постои и значителна група на пациенти со тешка АД кои не реагираат на пропишаниот третман со  локални кортикостероиди (TCS) и/или локални инхибитори на калцинеурин (TCI) или доживуваат избувнувања веднаш по намалување на локалната антиинфламаторна терапија.

Пробиотиците и пребиотиците  се ефикасни во намалување на инциденцата на атопичен дерматитис кај доенчињата, но нивната улога во третманот на атопичен дерматит. Клиничките истражувања кои ја поддржуваат употребата на пробиотици за третман и превенција на АД сепак се многу ограничени. Меѓутоа позитивниот ефетк може да биде поврзан со типот на пробиотик кој се користи, начинот на администрација, времето на почеток, како и големината на дозата и времетраењето на третманот. Врз основа на досегашните докази за систематски преглед, најперспективната интервенција за превенција на АД е употребата на пробиотици  во доцните фази од бременоста и раниот живот.

Повеќето од спроведените студии заклучиле дека инциденцата на АД е помала во групата која примила пробиотици отколку кај другата контролна група. АД е мултифакторна болест која бара персонализиран пристап. Моделот  чекори мудро во однос на сериозноста на болеста обезбедува практичен алгоритам за управување со болеста. Терапевтското образование на пациентите и родителите претставува важен елемент на планот за лекување. Иднината на третманот со АД им припаѓа на новите биолошки терапевтски агенси кои се појавуваат во последните години.