Дали знаевте дека криловото масло може да помогне во подобрување на здравјето на вашите очи?
Не само што крил маслото е добро за вашето целокупно здравје. Клинички е докажано дека влијае врз подобрување на симптомите на суво око како што се воспаление, иритација и црвенило.Со обемна листа на клинички тврдења, криловото масло е идеалн како самостоен производ за употреба врз здравјето на очите.
Што се суви очи?
Сувото око е многу честа појава, може да се создаде доколку окото не продуцира многу солзи.
Што е солза? Таа е микс од вода, масла, слуз.
Доколку лицето има суво око ќе почувствува како пецкање во самото око. Типични симптоми на суви очи се сувост, чешање, пецкање, болка, црвенило и др.
Ризик фактори
- Возрасни лица- како што старее човекот, се помалку очите продуцираат солзи. Честа појава кај лица постари од 50 години
- Жени –кога имаат некоја хормонална промена- бременост, користење на анти-бебе пилули или менопауза.
- Употреба на одредени лекови (антихистаминици, антидепресиви, итн.)
- Носење контактни леќи.
Внесот на помалку омега-3 и премногу омега-6 може да доведе до дисбаланс во односот на омега 3:омега 6 и појава на суви очи. Затоа Американската академија за офталмологија (AAO) препорачува суплементација на Омега-3 од крилово масло кое се покажало дека помага во подобрување на симптомите на суво око.
Крилово масло во подобрување на симптомите на суви очи
Студијата на Deinema et al сугерираат дека маслото од крил има позитивни ефекти врз неколку параметри кои се однесуваат на суво око.
- Криловото масло ја намалува осмоларноста на солзите.
- Криловото масло ја зголемува стабилноста на солзниот филм; меѓутоа намалена стабилност може да доведе до иритација на очите, трепкање и црвенило
- Криловото масо го намалува воспалението и ги подобрува симптомите на суви очи
Секогаш внимавајте производот да биде сертифициран од страна на IKOS™ (International Krill Oil Standards) – гаранција дека квалитетот на ова крилово масло ги исполнува и надминува меѓународните стандарди утврдени од Советот за Одговорна Исхрана (CRN) и Светската Здравствена Организација (СЗО). Превентивната грижа за здравјето и квалитетот на состојките омега-3 EPA и DHA, холин и астаксантин кои се внесуваат во организмот се пресудни. Фосфолипидите омега-3 и астаксантинот играат важна улога и во модулирањето и во намалувањето на воспалителните реакции и клинички се покажало дека го регулираат односот омега-6:омега-3.