3 МАЈ – СВЕТСКИ ДЕН НА АСТМА

Untitled design

Светски Ден на Астма (World Asthma Day), 3 Мај 2022 е организиран од страна на Глобалната Иницијатива за Астма (Global Initiative for Asthma, GINA), организација која е соработник на Светската Здравствена Организација (WHO). Светскиот ден за Астма се организира секоја година во Мај, а со цел да се подигне свеста за астмата, како здравствен проблем.

Иако астмата не може да биде излечена, сепак е заболување кое може да биде ставено под контрола, а нападите (екзацербациите) на астмата може да бидат намалени или превенирани.

Овогодинешното мото на Светскиот ден за астма е „Да се намалат разликите во грижата за астмата (Closing Gaps in Asthma Care)“. Предизвикот за одбележувањето на Светскиот ден на астма е да се обединат учесниците во менаџирањето на астмата (лекари, пациенти и здравствени работници) во идентификување и елиминирање на разликите во процесот на менаџирање на астмата и сите заедно да помогнат во имплементирање и споделување на иновативни решенија локално и глобално.