Главоболката може да се манифестира на разичен начин. Некогаш почнува со досадна, постојана болка во задниот дел на главата, на врвот на главата или можеби тоа е само болка на левата или десната страна на главата. Друг пат директно со заслепувачка, мачна болка. Скоро секој има главоболка барем одвреме-навреме, но некои доживуваат речиси секојдневно честа болка во главата. Вообичаени типови на главоболки се тензични главоболки, кластерни главоболки, главоболки со повраќање, синусни главоболки и мигрена.
Постојат голем број на стратегии за третман, кој најдобро би функционирал за секој тип на главоболка. Аспиринот и другите нестероидни антиинфламаторни лекови (ибупрофен и дексалгин) го имаат решението за многу луѓе. На други пак, им требаат мускулни релаксанти или уште посилни лекови. Некои наоѓаат олеснување во масажи и алтернативни техники како акупунктура.

Наместо да чекате да бидете заслепени од друга ненадејна или силна главоболка, може да се преземат превентивни стратегии, како што е справување со стресот, физикална терапија или вежбање. Друг аспект на превенцијата е да научите да препознавате и менувате нешта што може да ви предизвикаат главоболки – како што се намалување на емоционалниот стрес, промена на вашата исхрана или повеќе сон. Напредокот во медицинскиот третман на главоболката значи дека олеснувањето повеќе не е само можно, туку и сигурно. Иако некои форми на болка во главата повремено ги чувствуваат повеќето луѓе, никој не треба да живее и да страда од главоболки.