Наизменичната диета – практиката на одредени временски периоди без јадење – стана многу популарна како стратегија за слабеење и подобрување на здравјето.
Група истражувачи одлучија да ги прегледаат доказите кои се поврзуваат со овој диетарен начин на исхрана, за да видат дали се ефективни како што тврдат многу луѓе. Авторите на прегледот разгледаа 11 мета анализи кои опфаќаат 130 објавени рандомизирани клинички испитувања кои вклучуваат наизменична исхрана. Нивните резултати беа објавени на 17 Декември 2021 година, од страна на JAMA Network Open. Авторите пронајдоа „умерени до висококвалитетни“ докази дека наизменичната диета им помогнало на возрасните со прекумерна тежина и на дебелите да изгубат тежина, а исто така се утврдило дека подобрува некои фактори на ризик за кардиоваскуларни болести, како што се намалување на крвниот притисок, холестеролот и шеќерот во крвта. Иако постојат различни планови за периодична диета, сепак се чини дека два модели даваат најголема корист кога станува збор за губење на тежината.
Едниот модел бил модифицирана алтернативна диета, во која луѓето јадат нормално. Но, на секои три до пет дена имаат ден во кој го ограничуваат внесот на 600 калории на ден.
Другата диетата 5:2, во која луѓето јадат вообичаено пет дена во неделата, но го ограничуваат внесувањето на 600 калории на другите два. Возрасните со прекумерна тежина и дебели кои следеле една од овие диети можеле да изгубат повеќе од 5% од нивната телесна тежина.
