Хистотрипсија е технологија со употреба на звук „прецизно контролирана акустична кавитација“ за третман на тумори, освен тоа што ги разградувало туморите, помагало и во спречување на повторување и понатамошно ширење на ракот.
„Нашиот трансдуцер, дизајниран и изграден во Универзитетот во Мичиген, испорачува ултразвучни пулсови со висока амплитуда во микросекунда – се фокусира на туморот конкретно на негово разбивање“ вели Жен Ксу од Универзитетот во Мичиген (У.М.).
Истражувачите објаснуваат дека иако хистотрипсијата се користела за нарушување на туморите, сепак станува збор за „недоволно докази“ за нејзините ефекти врз метастазите или ширењето на ракот на други места во организмот.
Меѓутоа се разгледува ефектот со користење на хистотрипсија да се има едно делумно уништување на туморите. Се сугерира дека целиот канцероген тумор не може да биде таргетиран во многу ситуации, така што истражувачите таргетирале само дел од масата (50-75%) и оставиле дел од туморот недопрен за да ја видат ефективноста на самиот третман.
Интересно е што дури и ако оставиле дел од масата сè уште недопрена кај стаорците што ги тестирале, имунолошкиот систем на животните можеле да се бори со остатокот од туморот.
„Дури и со делумна/ парцијална аблација локална регресија на туморот било забележано кај 81% од стаорците на третмани, без повторување или метастази. „Спротивно на тоа 100% од нетретираните контролни животни покажале локална прогресија на туморот и интрахепатални метастази.
Животните третирани со хистотрипсија имале подобри резултати на преживување и „зголемена имунолошка инфилтрација“. Според истражувачите, стимулацијата на имунолошкиот одговор на стаорците од третманот може да придонесе за евентуална регресија на туморот.
Третманот дава една надеж за подобрување на третманите на рак кај луѓето. Моментално хистотрипсијата се користи во САД и Европа за испитувања на рак на црниот дроб кај луѓе. Како што истакнува У.М, ракот на црниот дроб има висока преваленца на повторување на туморот и метастази по првиот иницијален третман.
„Хистотрипсијата е опција која се смета дека можеби ќе може да ги надмине ограничувањата на моментално достапните модалитети на аблација и да обезбеди безбедна и ефикасна неинвазивна аблација на тумор на црниот дроб. Се надеваме дека нашите сознанија од оваа студија ќе ги мотивираат идните претклинички и клинички испитувања за хистотрипсија кон крајната цел за клиничко усвојување на третман со хистотрипсија за пациенти со рак на црниот дроб”.
Тејасви Ворликар, еден од авторите на студијата, од Универзитетот во Мичиген.