Меѓународниот ден на медицинските сестри, се одбележува секоја година на 12 Мај, а во чест на денот на раѓањето на Флоренс Најтингејл. При одбележувањето на овој меѓународен ден, секоја година се означува со лого, со кое се потенцира и се одбележува улогата на медицинските сетри како интегрален дел на медицинскиот здравствен систем.
Темата на одбележување за 2022 година е „Инвестирајте во медицинските сестри и почитувајте ги нивните права за да го обезбедите глобалното здравје“.