Има многу жени кои не се доволно запознаени со основните правила за одржување на здравјето на вагината, а со тоа се зголемува ризикот за развој на габични и бактериски инфекции. Проблемите предизвикани од лоша и нецелосна интимна грижа влијаат не само на физичкото здравје, туку и на психолошкото. Ви ги откриваме 5-те најчести грешки кои повеќето жени ги прават кога е во прашање негата на интимната зона.
- Погрешен правец на бришење
Постојат различни бактерии во пределот на вагината и анусот. Погрешното бришење после мокрењето може да пренесе бактерии од аналната област во вагината и да предизвика инфекција. Правилно бришење после мокрење значи бришење на интимната зона од напред кон назад, внимавајќи да не ја избришете агресивно за да не ја иритирате кожата.
2. Предолго носење влошка или тампон
Една од најчестите грешки кога станува збор за интимната зона е доколку често не се менува на влошката или тампонот, бидејќи самата влажна и топла средина е потенцијал за развој на бактерии. Влошката и тампонот треба да се менуваат на секои 4 до 8 часа, во зависност од интензитетот на менструацијата. Ова ќе го спречи создавањето на непријатни мириси и ќе го намали ризикот од развој на инфекција. Истото важи и за дневните влошки.
3. Носење синтетичка долна облека
Иако изгледаат убаво, долната облека направена од синтетика може да го наруши здравјето на интимната зона. Освен што предизвикуваат потење, вештачките материјали не дозволуваат потта да се исуши и тоа може да предизвика чешање на интимната зона и повторно раст на бактерии. Секојдневно треба да носите гаќички од природен материјал, како на пример памук, бидејќи тоа не предизвикува потење и овозможува проток на воздух.
4. Пливање после отстранување на влакна
Без разлика на кој начин се отстрануваат на влакната на интимната зона, пливањето веднаш после тоа не е добра идеја. Кожата е почувствителна и содржи микрооштетувања кои придонесуваат за влез на бактерии. По отстранувањето на влакната почекајте најмалку 24 часа пред да пливате.
5. Користење на агресивни производи за интимна нега
Кога станува збор за одржување на хигиената, кожата на вашата интимна зона бара посебна нега. Плакнењето со обични сапуни и гелови за туширање може да доведе до дисбаланс на нивото на pH, што ќе резултира со чешање, непријатни мириси и инфекции. За заштита и нега на интимната зона, неопходно е да се користат специјални производи, без оглед на причината за вагиналните проблеми.