Појава на малку гастритис одвреме-навреме е сосема нормално, но постои граница помеѓу киселини кои едноставно се дел од човечката состојба и горушица која е сериозен здравствен проблем.
Храната и течностите кои ги внесуваме, нормално се движат од устата кон желудникот, преку хранопроводот. Мускулот наречен долен езофагеален сфинктер се релаксира за време на голтањето, а потоа повторно се затегнува штом храната ќе помине. Кога тој мускул слабее или работи ненормално, желудочната киселина може да се врати во хранопроводот – што се нарекува рефлукс на киселина – и да предизвика горушица.
„Ефектите од повратната киселина може да биде полоши, доколку сте наведнати или легнати“.
Live Science Journal
Многу луѓе повремено добиваат чувство на печење во градите после јадење. Тоа не е проблем, ако се претпостави дека она што го доживувате е всушност киселини, а не срцев удар, бидејќи понекогаш луѓето ги мешаат двете. Тоа треба да предизвика загриженост кога горушицата се јавува повеќе од неколку пати неделно или кога почнува да се меша во секојдневниот живот. Исто така, важно е да се оди на лекар, кога лековите без рецепт не ја ублажуваат горушицата или кога предизвикуваат тешкотии при голтање, гадење или губење на тежината што произлегуваат од намален апетит или проблеми со јадењето.

Во некои случаи, често појавување на киселини може да биде знак дека нешто поголемо не е во ред, како што е ракот на желудникот или хранопроводникот. Но, исто така, може да се поврзе и со гастроезофагеална рефлуксна болест, попозната како ГЕРБ, која доаѓа кога киселината во желудникот што се надополнува ја иритира слузницата на хранопроводникот. Тоа е честа состојба, а се проценува дека 14 до 20 проценти од возрасните во САД страдаат од ГЕРБ.
Постојат лекови за лекување на киселини, но голем дел од лекарите препорачуваат да не се супримираат тешкотиите кои ги чувствувате заради киселините, туку да се продолжи со дополнителни истражувања, бидејќи често појавата на киселини може да биде само предзнак на појава на друга состојба, како висок крвен притисок или срцеви заболувања.
„Честата изложеност на киселина во желудникот може да предизвика лузни на хранопроводникот и да го отежне голтањето или да ја еродира отворената рана во слузницата на хранопроводникот“.
Live Science Journal