Познато е дека начинот на исхрана има исклучително влијание врз здравјето на срцето и крвните садови. Влијанието на омега-3 масните киселини врз човековото здравје најпрво се забележуваат преку позитивните ефекти врз кардиоваскуларниот систем. Дали знаевте дека жителите на одредени региони кои конзумираат многу повеќе риба имаат значително помала инциденца на кардиоваскуларни проблеми, па оттаму започнува и студијата за тоа како рибата во исхраната го штити и како делува врз срцето.
Овие ефекти се испитувани и до денес е откриено дека омега-3 масните киселини постојано го штитат срцето и крвните садови со антитромбогено дејство, намалување на триглицеридите, дејство против атеросклероза, благо хипотензивно дејство, влијание против аритмија…
Меѓутоа Омега-3 добиена од крилово масло дополнително го зголемува „добриот холестерол“ (HDL) и има посилен ефект во намалувањето на воспалителниот процес вклучен во кардиоваскуларни проблеми, а тоа се два силни фактори за ризик за кардиоваскуларни проблеми.
Според најновата препорака дадена од Американското здружение за срце, најголема корист од употребата на додатоците на омега-3 имале луѓето кои преживеале срцев удар или имаат коронарна срцева болест и лицата кои имаат нарушена функција на срцето.
Денес Омега-3 масните киселини се составен дел од здравствените препораки кои повеќето развиени земји ги даваат како инструкции со цел да се спречат заедничките болести на модерното време. За жал, како што е веќе познато, мора да се води сметка да се избегнат рибите кои живеат подолго и оние кои живеат во загадени води, бидејќи акумулираат големи количини отрови (тешки метали, жива, пестициди и сл.). Затоа маслото од крил од чистите води на Антарктичкиот океан се препорачува како најдобар извор на омега-3 масни киселини, како поради квалитетот и одличната апсорпција, така и поради безбедностa.