17 МАЈ 2022 – СВЕТСКИ ДЕН НА ХИПЕРТЕНЗИЈАТА

World Hypertension Day 2022 Светски ден на хипертензијата 2022

Кардиоваскуларните болести (КВБ) се водечка причина за смрт, а високиот крвен притисок е виновен за над 50% од кардиоваскуларните болести. За жал, повеќе од една четвртина од возрасните жени и четири од десет возрасни мажи имаат хипертензија, а дијагнозата, третманот и контролата се неоптимални. Неверојатно, но само неколку земји покажуваат стапка на контрола на хипертензијата кај населението од над 50%. За да се реши овој критичен проблем, неоходно е итно да се започне со едукација за хипертензијата, причините за настанување и последиците кои ги предизвикува оваа болест.

МЕРЕТЕ ГО КРВНИОТ ПРИТИСОК ПРЕЦИЗНО, КОНТРОЛИРАЈТЕ ГО, ЖИВЕЈТЕ ПОДОЛГО !