ХЕРПЕС ЗОСТЕР

Untitled design (19)

1. Што e херпес зостер?

Херпес зостер е инфективно вирусно заболување поради која матичните лекари најчесто ги упатуваат пациентите на инфектолог, но повремено и на офталмолог, дерматолог или невролог.
Во детството, примарниот контакт со вирусот варичела-зостер доведува до болест која сите ја знаеме како сипаници. По мали сипаници, можеме да кажеме дека вирусот останува во „мирување“  или скриена форма се до моментот на „падот“ на нашиот имунолошки систем. Кај мал процент на луге доаѓа до нивна реактивација во текот на животот, но овој пат во вид на зостер манифестација.

2. Кои се симптомите на херпес зостер?

Најчесто инфекцијата започнува со болка во одреден дел од телото, каде подоцна ќе се јави осип. Болката е во вид на жарење, печење и бодежи, а се јавува на едната страна на телото, т. е. по должина на зафатениот нерв, каде подоцна ќе се појават меурчиња. Овие меурчиња се исполнуваат со гној и на крај се претвораат во крусти кои отпаѓаат. Целиот процес трае повеќе од месец дена по кој остануваат лузни

3. Која популација е најчесто засегната и која е причината?

Секоја појава на херпес зостер треба да биде аларм дека нашиот организам е во „опасност“. Во денешно време најчеста причина за „паѓање“ на имунитетот е стресот. Најранливите популации се постарите пациенти, потоа имуносупримираните, како што се ХИВ-позитивните, болните од рак и сите оние кои се изложени на хроничен стрес што доведува до пад на имунитет. Херпес зостер е болест која е склона кон повторување. При првиот пад на имунитетот повторно може да се активира.

4. Која е препораката за третман на овој вирус?

Покрај специфичната антивирусна терапија (ацикловир) и аналгетиците, најважно е да се најде и елиминира, доколку е можно, причината за слаб имунитет, да се препорача одмор, доволно сон, разновидна и подобра исхрана.

5. Кои витамини и минерали се важни за закрепнување од инфекција со херпес зостер?

Доколку сакаме да го „подигнеме“ имунитетот, тогаш сите витамини се важни. Замислете го имунитетот како серија од мали брзини поврзани во еден систем. Овој систем ќе се ротира само ако сите брзини се присутни и се во доволна количина. Ако недостасува само еден, системот запира. Затоа е многу важна урамнотежена исхрана, или избор на  додаток во исхрана, што ќе обезбеди целосна суплементација со сите витамини и минерали.

Како заклучок:
Не смееме да заборавиме да се грижиме за нашиот имунитет, треба да се трудиме да го избегнеме стресот. Пешачењето и престојот во природа се методи достапни за секого кои имаат влијание врз целосната состојба на организмот.