ШТО Е ПРИЧИНА ЗА НИСКА ЕНЕРГИЈА КАЈ МАЖИТЕ?

Untitled design

Најчесто начинот на живот, но и исто така и различни медицински фактори можат да предизвикаат ниско ниво на енергија. Некои од овие причини се единствени за мажите или се почести кај мажите отколку кај жените. Многу мажи се чувствуваат уморни и преоптоварени секој ден, особено со модерниот начин на живот во кој секојдневно сме преокупирани со бројни обврски. Факторите на животниот стил можат да предизвикаат ниски нивоа на енергија, како што се недоволно спиење, нарушен ритам на вежбање и лоша исхрана. Но, исто така и медицински состојби може да предизвикаат ниско ниво на енергија, а особено често е тоа кај мажи кај кои има ниско ниво на тестостерон или мажи кои страдаат од апнеја при спиење.

Симптоми на ниско ниво на енергија

Лицето кое има ниско ниво на енергија, постојано ќе се чувствува уморно и проблем има во извршувањето на основните задачи.

Други симптоми поврзани со ниска енергија или замор вклучуваат:

  • чувство на поспаност во текот на денот
  • зашеметеност или тешкотии со концентрирање
  • недостаток на мотивацијa

Причини за ниско ниво на енергија кај мажите

Постојат неколку причини зошто мажот може да има ниска енергија или хроничен замор.

  1. Лоша и неизбалансирана исхрана
  2. Несоодветен режим на вежбање (пречесто или со големи паузи помеѓу термините)
  3. Ниско ниво на тестостерон
  4. Апнеа
  5. Несоница
  6. Депресија
  7. Анемија
  8. Нарушувања на тироидната жлезда
  9. Други медицински болести (хипертензија, дијабетес, срцева слабост и сл.)

Нормално е сите повремено да се чувствуваат уморни или да имаат ниско ниво на енергија, иако ниската енергија може да пречи во извршувањето на секојдневните обврски. Некои причини за слаба енергија се специфични за мажите или има поголема веројатност да се појават кај мажите. Во многу случаи, мажите можат да го подобрат нивото на енергија со правење едноставни промени во животниот стил, како што се менување на вежбањето, спиењето или навиките во исхраната. Доколку овие промени не помогнат, треба да поразговараат со лекар за да се отфрлат сериозните причини.