МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ?

Untitled design (20)

Секој може да се зарази со мајмунски сипаници, ако е во близок контакт со заболената личност, или е во допир со инфицирана постелнина или облека, велат од СЗО. Од светската организација истакнуваат дека со болеста се запознаени веќе 40 години, кога за првпат се појавила во западна Африка, каде луѓето главно биле заразени од дивите животни и приматите. Болеста одамна се нема проширено надвор од границите на Африка, а сега откако се појави во Европа и САД е предмет на внимателно набљудување од страна на епидемиолозите.

Мајмунските сипаници се предизвикани од вирусот на мајмунски сипаници, член на истата фамилија на вируси како и сипаниците. Вирусот на мајмунски сипаници припаѓа на родот Orthopoxvirus од фамилијата Poxviridae. Родот на Orthopoxvirus го вклучува вирусот на вариола (кој предизвикува сипаница). Најчесто се јавува во оддалечените делови на земјите од централна и западна Африка, во близина на тропските дождовни шуми, постојат два главни соеви на вирусот – западноафрикански и централноафрикански.

Кои се симптомите?

Почетните симптоми вклучуваат треска, главоболки, отоци, болки во грбот и болки во мускулите. По треската може да се развие осип, кој често започнува на лицето, а потоа се шири на другите делови од телото, најчесто на дланките и стапалата. Осипот кој може да биде екстремно болен и постојано да предизвикува чешање се менува и поминува низ различни фази пред конечно да се формира во краста, која подоцна паѓа. Лезиите може да предизвикаат лузни. Инфекцијата обично исчезнува сама по себе и трае помеѓу 14 и 21 ден.

Третман и вакцинација

Третманот е симптоматски и во повеќето случаи болеста поминува за две до четири недели. Се смета дека вакцината против сипаници обезбедува солидна заштита од мајмунски сипаници, но не е познато колку долго трае заштитата по вакцинацијата. Значи, не ни знаеме дали тоа ни користи нам денес кои сме вакцинирани против сипаници.

Како се пренесува?

Мајмунската сипаница може да се пренесе кога некој е во близок контакт со заразено лице. Вирусот може да навлезе преку кожа, респираторниот тракт или преку очите, носот или устата. Претходно не била опишана како сексуално пренослива инфекција, но може да се пренесе со директен контакт за време на сексот. Исто така може да се пренесе и преку контакт со заразени животни како што се мајмуни, стаорци и верверички, или преку предмети контаминирани со вируси, како постелнина и облека.

Колку е опасна болеста?

Повеќето случаи на вирусот се благи, понекогаш наликуваат на сипаници и сами по себе поминуваат во рок од неколку недели. Меѓутоа, мајмунските сипаници може понекогаш да бидат и се пријавени дека предизвикуваат смртни случаи во западна Африка.

Повеќе информации за болеста и ситуацијата во Европа може да најдете на веб-страницата на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) на следните линкови:

https://www.ecdc.europa.eu/en/news-events/monkeypox-cases-reported-uk-and-portugal

https://www.ecdc.europa.eu/en/all-topics-z/monkeypox/factsheet-health-professionals