ПИГМЕНТИРАНА КОЖА

Untitled design (21)

Постојат голем број на нарушувања на пигментација на кожата, тие често се безопасни, но можат да бидат вознемирувачки за пациентите  со нарушување на квалитетот на животот.

Бојата на кожата е од најтемно кафена до најсветли нијанси. Разликите во бојата на кожата меѓу поединците се предизвикани од варијации во пигментацијата, што е резултат на генетика (наследена од биолошки родители) и изложувањето на сонце. Разликите помеѓу популациите еволуирале преку природната селекција поради разликите во околината и ги регулираат биохемиските ефекти на ултравиолетовото зрачење што продира во кожата.

Кожата е најголемиот човечки орган има неколку важни функции и се состои од неколку слоја: епидермисот, дермисот и субкутисот и неколку подслоеви. Бојата на кожата зависи од количината на пигментот во епидермисот. Основниот пигмент на кожата е меланин и е присутен во три форми на епидермални клетки кои произведуваат и задржуваат меланин. Нарушувања на пигментацијата на кожата – хиперпигментација (зголемена пигментација) и хипопигментација (намалена пигментација).

Типични нарушувања на хиперпигментацијата вклучуваат прогресивна хиперпигментација, мелазма, сончево лентиго (сончеви дамки или старечки дамки), ефелид (пеги) и др. Овие состојби се генерално бенигни, но може да бидат вознемирувачки за пациентите. Нарушувањата на хипопигментацијата вклучуваат витилиго, питиријазис алба и питиријазис верзиколор.

Нарушувања на хиперпигментацијата

Постепена хиперпигментација се манифестира како неправилна, темно пигментирана кожа на места кај претходни повреди или воспаленија, како резултат на ласерска, светлосна или криотерапија.

  1. Мелазмата е состојба кога се формираат темно кафеави до сивкасти симетрични дамки на лицето. За време на бременоста се нарекува маска на бременоста. Се смета дека изложувањето на сонце, хормоните и апчињата за контрацепција предизвикуваат мелазма.
  2. Соларното лентиго (сончеви или старечки дамки) најчесто се забележува на делови од телото изложени на сонце како што се: лицето, дорзалните (горните) страни на рацете, подлактиците и горниот дел од торзото (рамената). Соларното лентиго е почеста кај луѓето постари од 40 години, кои во текот на животот биле интензивно изложени на сонце. Клинички се манифестира во форма на светли или темно кафени дамки со неправилна форма, со големина од неколку mm до еден сантиметар во дијаметар.
  3. Пеги обично се појавуваат на делови на телото кои се изложени на сонце (лице, деколте, шаки), кафеави се и во рамнина на кожата. Почесто се појавуваат кај луѓе со светол тен, а помалку се изразени во текот на студените месеци

Нарушувања на хипопигментацијата

  1. Албинизмот е ретка, наследна болест со намалена количина на меланин во кожата, косата и очите. Луѓето со албинизам (албинос) имаат бела коса, бледа кожа и сини очи. Нивните очи може да изгледаат црвени во различни услови на осветлување, многумина имаат и проблеми со видот.
  2. Витилиго е пигментно заболување кое се карактеризира со губење на бојата на кожата. Започнува со појава на бели флеки по кожата и слузокожата коишто можат да се појават во било кое време во текот на животот.
  3. Рityriasis alba е нарушување кое најчесто се поврзува со атопичен дерматитис. Обично се манифестира како хипопигментирани, неправилни точки на лицето, главата, вратот и подлактиците кај децата и младите возрасни. Топични кортикостероиди и креми за сончање се првата линија на третман кај симптоматските пациенти.
  4. Рityriasis versicolor е површинска габична инфекција на кожата, предизвикана од Malassezia spp. Често се манифестира како хипопигментирани или розови наслаги со лушпи на вратот, градите, грбот, стомакот и рацете. Дијагнозата е претежно клиничка, со потврда со микроскопија и употреба на препарат од калиум хидроксид. Лекувањето може да го спроведе матичен лекар со антигабични креми, а многу ретко мора да се користат антигабични таблети.

Нарушувањето на пигментацијата на кожата кај многу луѓе е непријатна, голем дел од нив е наследна и има многу малку кои можат ефикасно да се лекуваат. За третман потребна е консултација со дерматолог, за нега на кожа добар козметичар и да бидете исклучително трпеливи и да користите само добро докажани средства. Превенцијата е важна во одредени услови и вклучува намалена изложеност на сончева светлина и употреба на крема за сончање со висок заштитен фактор.