Годинешното одбележување на Светски ден без тутун, ја информира јавноста за опасностите од користењето тутун, деловните практики на тутунските компании, што прави СЗО за борба против епидемијата на тутун и што луѓето ширум светот можат да направат за да го бараат своето право на здравје и здрав живот и да ги заштитат идните генерации.
Земјите-членки на Светската здравствена организација го создадоа Светскиот ден без тутун во 1987 година за да го привлечат глобалното внимание на епидемијата на тутун, болестите и смрта од користењето на тутун, кои можат да се спречат. Во 1987 година, Генералното собрание на Светската Здравствена Организација (WHO) ја усвои резолуцијата WHA 40.38, со која 7 април 1988 година ќе биде одбележан како „Светски ден за забрана на пушење“. Во 1988 година, беше донесена резолуцијата WHA 42.19, со која одбележувањето на Светскиот ден без тутун, ќе се прави секоја година на 31 Мај.