ПИЕЊЕТО КАФЕ, ПОВРЗАНО СО НАМАЛЕН РИЗИК ЗА СМРТНОСТ

Cover
  • Кафето е популарен пијалок за многу луѓе и конзумирањето кафе е поврзано со различни здравствени придобивки.
  • Новото истражување сугерира дека пиењето умерено количество засладено или незасладено кафе е поврзано со помал ризик од смртност.
  • Врз основа на објавена набљудувачка студија, наодите потврдуваат дека скоро 30% е намален ризикот за смртност.

Многу луѓе сакаат да се разбудат наутро и да се напијат кафе. Пиењето кафе е поврзано со аспекти на културата и социјалната интеракција, но што е со здравствените придобивки?

Истражувачите сè уште работат на разбирање на целосните здравствени придобивки од пиењето кафе и поврзаниот ризик. Една неодамнешна студија објавена во Annals of Internal Medicine покажа дека умереното консумирање кафе, и засладено и незасладено, е поврзано со намалена смртност.

Здравствени придобивки од консумирањето кафе

Кафето е популарен пијалок, содржи некои хранливи материи, како и кофеин. Бидејќи кафето е толку популарно, потрошувачите и истражувачите имаат голем интерес да го разберат влијанието на пијалокот врз здравјето и благосостојбата. Неодамнешниот преглед на студија покажа дека е безбедно за повеќето луѓе да консумираат помеѓу една и четири шолји кафе дневно, што изнесува максимум 400 mg кофеин дневно. Оние кои пијат кафе може да имаат помал ризик од специфични здравствени проблеми, како што се дијабетес тип 2 и дебелина. Конзумирањето кафе е поврзано и со намален ризик за одредени видови на рак и намален ризик за смртност.

Но, дали има разлика како луѓето го пијат своето кафе? Тоа е она што истражувачите во тековната студија се обидоа да го откријат.

Кафе и ризик за смртност

Во оваа студија, истражувачите се обидоа да утврдат дали помалиот ризик за смртност поврзан со употребата на кафе сè уште се поврзува со додавање на вештачки засладувачи или шеќер во кафето. Тие забележаа дека претходните студии потврдиле намален ризик за смртност поврзан со пиењето кафе. Сепак, „овие студии не направија разлика помеѓу кафето консумирано со шеќер или вештачки засладувачи и кафето консумирано без шеќер или засладувачи“. Оваа студијата опфати над 170.000 учесници, а истражувачите ги следеа учесниците во просек од 7 години. Услов за вклучување во студијата било учесниците кои биле вклучени во следењето да немаат кардиоваскуларни болести (КВБ) или рак на почетокот од студијата.

Истражувачите собраа податоци за потрошувачката на кафе на учесниците, забележувајќи дали тие пиеле засладено со шеќер, вештачки засладено или незасладено кафе. Потоа ја испитуваа поврзаноста на консумирањето кафе со смртноста од сите причини и смртноста од рак и кардиоваскуларни болести. Авторите во анализата ги земаа предвид начинот на живот, клиничките и социодемографските фактори. Тие откриле дека повеќе од половина од оние кои пијат кафе во студијата пиеле незасладено кафе. Вообичаено, оние кои додале шеќер додавале помалку од 1,5 лажички шеќер.

„Набљудувачката студија, покажа дека умереното консумирање кафе – околу 1,5 до 3,5 шолји дневно – дури и со додаден шеќер, веројатно не е штетно за повеќето луѓе и е поврзано со 30% намалување на ризикот од смртност. Овие наоди сугерираат дека луѓето кои пијат кафе можат да продолжат да го прават тоа без причина за грижа, што е добра вест за голем дел од населението“.

д-р Кристина Ви, заменик уредник на Annals of Internal Medicine, Медицински факултет, Харвард, САД

Студијата покажа дека умереното консумирање кафе, со или без шеќер, е поврзано со намален ризик од смртност.