Воспалителни и автоимуни болести и улога на Крилово масло

Untitled design (29)

Воспалението е дел од имунолошкиот одговор и е сложен процес под дејство на различни фактори, вклучувајќи медијатори (посреднички супстанции) формирани од масни киселини. Медијаторите создадени од омега-6 масните киселини се про-инфламаторни (го поттикнуваат и интензивираат воспалението), додека оние кои настануваат од омега-3 масните киселини имаат улога во ублажување на воспалителниот процес.

Од ова е јасно дека е исклучително важно омега-6 и омега-3 во телото да бидат во правилни односи, за телото правилно да реагира на воспалителните дразби и воспалителните процеси да бидат во рамнотежа.

Проблемот со воспалителните и автоимуните болести е нарушениот антиинфламаторен одговор на организмот. Точната причина не е позната, но факт е дека бројот на заболени постојано се зголемува.

Исто така, има сè поголем број докази ја поврзуваат исхраната со болеста и сериозноста на симптомите, бидејќи човечкото тело еволуирало во сооднос омега-6: омега-3 од 1: 1, а денес соодносот е 15-25:1. Затоа, се препорачува да се зголеми внесот на омега-3 масни киселини, за да се подобри овој сооднос што е можно повеќе.

Маслото од крил ќе ви го обезбеди најдобриот извор на омега-3 масни киселини, кои подобро се апсорбираат и се инкорпорираат во клетките отколку омега-3 добиените од рибиното масло. Во исто време, маслото од крил може да се користи без било какви ограничувања бидејќи нема опасност од отрови, како тешки метали и пестициди, кои се повеќе ги има кај рибите.

Важноста на омега-3 масните киселини кај луѓето со автоимуна или хронична инфламаторна болест е веќе опишана и се смета дека е исклучително корисна во следниве состојби:

  • Алергиски заболувања
  • Астма
  • Цистична фиброза
  • Воспалителна болест на цревата (Кронова болест, улцеративен колитис)
  • Лупус
  • Мултиплекс склероза
  • Невродегенеративни болести (Деменција, Паркинсонова болест, итн.)
  • Псоријаза
  • Ревматичен артритис
  • Дијабетес.

Покрај препорачаното внесување на омега-3 масни киселини, постојат дополнителни совети поврзани со исхраната на лицата со воспалителни болести.
Ги издвојуваме намирниците кои треба да се избегнуваат бидејќи го поттикнуваат воспалителниот процес (пр. шеќер, т.е. слатки, дури и овошен шеќер во поголеми количини; алкохол, соја, млечни производи, житарки), и оние кои треба да се консумираат што почесто ( ѓумбир, лук, куркума).