Уживајте во сочните праски

Untitled design (33)

Комбинација на вкусно и здраво. Меки и слатки, со прекрасен мирис, сочен и сладок вкус, а во исто време полни со здравје, праските се вистински летен деликатес кој ќе го збогатат вашето мени. Богати со витамини, минерали и антиоксиданси и бројни потенцијални здравствени придобивки, вклучително подобра дигестија,здраво срце, силен имунолошки систем и намалување на симптомите на алергија.

Нутритивна вредност

Праските се вид на коскесто овошје, заедно со сливите, кајсиите, црешите и нектарините. Се среќаваат бели и жолти видови и нудат неколку нутритивни придобивки.

Една голема праска (околу 147 грама) има приближно:

  • 68 калории;
  • 2 грама растителни влакна;
  • 1,3 грама протеини.

Праските се исто така извор на витамини и минерали, особено на витамините Ц и А и на калиум.

Здравствени придобивки

1. Здравје на срцето – овошјето е важен дел од здравата исхрана за срцето, но праските имаат некои придобивки. Според истражувањата се смета дека екстрактот од праска може да помогне во намалувањето на холестеролот и високиот крвен притисок. Праските се исто така извор на калиум, кој е важна хранлива материја која помага да се контролира крвниот притисок.

2. Подобра дигестија – праските содржат растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна помагаат да се стабилизира шеќерот во крвта и да се одржи нивото на холестерол под контрола, додека нерастворливите влакна помагаат во варењето на храната и спречуваат запек.

3. Намалување на воспалителни процеси– растителните полифеноли (микронутриенти) и пребиотиците кои се наоѓаат во праските може да го намалат воспалението, што пак доведува тоа до намалување на ризикот од многу хронични болести, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес, рак и Алцхајмерова болест.

4. Зајакнување на имунитетот -праските содржат антиоксиданси, вклучувајќи витамин Ц, полифеноли и каротеноиди.

5. Здрав вид – праските се извор на бета каротен, црвено-портокаловиот пигмент кој се наоѓа во овошјето. Телото го претвора бета каротенот во витамин А, есенцијален витамин кој е важен за здравиот вид.

Кога купувате праски, верувајте му на вашиот нос. Праските со сладок мирис обично се најзрели и највкусни. Доколку се многу тврди и имаат слаб мирис, оставете ги да созреат на собна температура неколку дена. За да не се расипат зрелите праски, чувајте ги во фрижидер. Свежите праски имаат повеќе антиоксиданси од конзервираните. Ако се одлучите за конзервирана праска, прочитајте ја етикетата за исхрана за да избегнете додадени шеќери.

Допир на инспирација

  1. Праските се изненадувачки разноврсни, дури можат да се печат на скара, па пуштете ја вашата фантазија;
  2. Комбинирајте праски со бобинки и малку темно чоколадо за здрав десерт;
  3. Исецкајте ги праските во слатката и зачинета салса;
  4. Изблендирајте свежи или замрзнати праски во кремасто смути;
  5. Додадете исечени праски во салати, овесна каша или јогурт;
  6. Или едноставно уживајте во „обична“ свежа, сочна и ладна праска.