Денес издвојуваме 5 причини зошто да изберете масло од крил

Денес одвојуваме 5 причини зошто да изберете масло од крил

Дали знаевте дека се проценува 97% од светската популација да има недоволно ниво на омега-3 масни киселини? Дали се прашувате како да го изберете производот кој е најдобар за вас во море од различни омега-3 масни киселини? Кој извор на омега-3 е еколошки најздравиот избор и кој вид на планетата се смета за најдобар извор на омега-3 и зошто? Најдете ги одговорите на овие (и некои други прашања) во оваа статија.

1. Чистота на омега-3 масните киселини од маслото од крил

Природно супериорна чистота! Поради фактот што ракчињата крил се наоѓаат на дното на синџирот на исхрана тие се хранат само со алги и планктони, имаат краток животен век и живеат во едно од најчистите мориња на планетата (Антарктикот) – затоа не може да акумулира штетни соединенија како на пр. тешки метали, пестициди и хербициди кои индустриските постројки ги испуштаат во морињата и океаните.

Криловото масло од мали ракчиња се смета за извор на омега-3 со највисока чистота и биорасположивост.

Што е биорасположивост? Биорасположивоста е термин кој ја означува способноста на нашиот организам да метаболизира и апсорбира активна супстанција/хранлива материја и таа да го покаже своето позитивно влијание врз некој аспект од нашето здравје. Поради приврзаноста на омега-3 масните киселини со фосфолипидите, маслото од крил има значително поголема биорасположивост, што значи дека треба да го земаме во многу помали концентрации во споредба со рибиното масло за да постигнеме подеднакво силен ефект врз здравјето.

2. Зошто криловото масло има супериорна биорасположивост и полесна апсорпција во споредба со другите извори на омега-3 масни киселини?

Разликата е во врските со кои се врзуваат омега-3 масните киселини. Најчест користен извор на омега-3 во светот сè уште е рибиното масло, во кое омега-3 се врзува за триглицеридите, додека во маслото од крил најголем процент е врзан за фосфолипидите.

Нашето тело е околу 65% вода, а фосфолипидите на кои се прикачени омега-3 во маслото од крил овозможуваат маслото од крил да се меша со вода. Затоа криловото масло се меша со вода во желудникот и не предизвикува рефлукс – најголемиот фактор што „ попречува“ за користење на омега-3 од рибиното масло.

Ова е огромната предност на криловото масло. Мембраните на нашите клетки се изградени како фосфолипиден двослој, што значи дека кога земаме омега-3 фосфолипиди, нашето тело ја препознава оваа форма како „нешто свое“ и затоа не бара никаков метаболизам (ниту ензими, ниту жолчни соли) за да постигне апсорпција и инкорпорирање во мембраните во целните ткива (мускули, циркулаторен систем, мозок, очи, кожа, зглобови).

3. Компонента која додава вредност

Криловото масло содржи уште една компонента, која рибиното масло ја нема, а тоа е исклучително моќниот антиоксиданс – астаксантин. Тоа е состојката што ја дава црвената боја на криловото масло, а неговата антиоксидантна моќ ќе биде појасна ако се спореди со другите познати антиоксиданси: тоа е 10 пати помоќно од витаминот А, па дури и 100 пати помоќно од витаминот Е.

Астаксантинот ја обезбедува стабилноста на омега-3 масните киселини во маслото од крил и ги прави да стигнат до нас во совршена состојба и продолжува да обезбедува антиоксидантно дејство во нашето тело.

4. Она што го разликува криловото масло од рибиното масло е и холинот! Го има само во криловото масло!

Холинот е есенцијален нутриент сличен на витамините – го нарекуваме и „ витамин на памтење“! Учествува во метаболизмот и транспортот на липиди, но многу поважно во некои реакции и синтези на неуротрансмитери-ацетилхолинот-важни состојки за пренос на информации во нервниот систем Може да се синтетизира во организмот, во црниот дроб и нервните клетки, меѓутоа, синтезата не е доволна да ги задоволи дневните потреби! Затоа мора да се внесува по пат на исхрана!

Холинот е посебно важен за невролошкиот развој, преносот на информации, концентрација, внимание и подобро памтење!

5.  Криловото масло покрај многуте придобивки за здравјето може да помогне за здрава и блескава кожа!

Поради високата содржина на Омега 3 масните киселини, со редовна и долготрајна употреба на Криловото масло се зголемува хидратацијата и еластичноста на кожата,со што таа станува помека и понежна.
Научните судии докажуваат дека Омега -3 масните киселини се витални за здравјето на кожата затоа што:

  • Ја одржуваат нормалната структура и функција на кожата
  • Ја спречуваат дехидратацијата
  • Го намалуваат воспалението
  • Го намалуваат несоодветниот имун одговор при алергии и автоимуни заболувања
  • Заштитуваат од штетното дејство на УВ радијацијата
  • Ја зголемуваат толеранцијата на кожата кон сончевите зраци
  • Заштитуваат од предвремено стареење
  • Го помагаат заздравувањето на раните
  • Го стимулираат самоуништувањето на малигните клетки (апоптоза)

Докажано е дека недостатокот на Омега-3 во кожата води до нарушување на структурата, и нормалната функција на кожата, инфламаторните процеси се поизразени и таа станува поподложна на штетното дејство на надворешните фактори и микроби. Затоа при постојани проблеми со кожата, можно е да се има и недостаток токму на Омега-3 масните киселини!