7 ПРИДОБИВКИ ОД УПОТРЕБА НА АСТАКСАНТИН

АСТАКСАНТИН НАЈМОЌНИОТ АНТИОКСИДАНС

Криловото масло кое е богато со омега-3 масни киселини не е единственото нешто од океанот што може да ја подобри функцијата во човечкото тело. Астаксантинот е каротеноиден пигмент кој се наоѓа во голема концентрација во Криловото масло. Астаксантинот е доста застапен во месото на лососот и е компонента што и дава на рибата розева боја. Астаксантин има многу здравствени придобивки, се поврзува со поздрава кожа, здравје на срцето, болки во зглобовите, па дури и може да има иднина во лекувањето на ракот. Луѓето користат астаксантин и за многу други намени, како за подобрување на симптомите на Алцхајмерова болест, подобрување на атлетски перформанси, намалено стареење на кожата, болки во мускулите од вежбање и многу други.

  • Антиоскиданс

Како што можеби знаете, антиоксидансите се добри за вас. Антиоксидантните својства на астаксантинот го обезбедуваат главниот извор на здравствените тврдења и придобивките од додатокот, особено кога се користи за лекување на рак. Потврдено е подобрување на протокот на крв и намалување на оксидативниот стрес кај пушачите и луѓето со прекумерна тежина. Во една споредбена студија потврдено е дека покажува најголема антиоксидантна активност против слободните радикали.

  • Рак

Поради неговите антиоксидантни својства, има многу истражувања за тоа како астаксантинот може да помогне во лекувањето на разни видови рак. Една студија открила краткорочни и долгорочни придобивки за лекување на рак на дојка, вклучително и намален раст на клетките на ракот на дојката. Високата цена на прочистениот астаксантин ја ограничи неговата употреба во понатамошни студии и третмани за рак.

  • Кожа

Астаксантинот може да се користи локално за да се промовира здрава кожа. Студија од 2012 година покажа дека комбинирањето на локални и орални дози на астаксантин може да помогне да се изедначат брчките, да се намалат старечките дамки и да се одржи влажноста на кожата. Имаше позитивни резултати и кај мажите и кај жените, но потребни се повеќе студии за да се потврдат овие наоди.

  • Додаток за вежбање

Има многу студии за тоа како астаксантинот може да влијае на издржливоста, како и на нивото на замор после вежбање. Студиите на глувци покажуваат дека може да ја зголеми употребата на масни киселини во телото, што помага во издржливост и спречува оштетување на мускулите и скелетот. Досега, сепак, сè уште недостасуваат докази за неговите ефекти врз човековото вежбање.

  • Здравје на срцето

Истражувачите исто така ги разгледуваат тврдењата дека астаксантинот може да има корист за здравјето на срцето. Студија од 2006 година ги испитуваше ефектите на астаксантинот врз стаорци со хипертензија (висок крвен притисок) и резултатите покажаа дека тој може да помогне да се подобрат нивоата на еластин и дебелината на артерискиот ѕид. Други тврдења ја вклучуваат идејата дека астаксантинот може да спречи срцеви заболувања и да помогне во намалувањето на холестеролот.

  • Болка во зглобовите

Астаксантинот, исто така, може да има иднина во третманот на болки во зглобовите, вклучително и состојби како ревматоиден артритис, кој погодува скоро еден од секои пет Американци и синдром на карпален тунел. Неколку студии покажаа дека астаксантинот може да го намали воспалението и симптомите на болка поврзани со артритис.

  • Машка плодност

Во една студија од 2005 година, астаксантинот покажа позитивни резултати за машката плодност. Во текот на три месеци, двојно слепа студија испитувала 30 различни мажи кои претходно страдале од неплодност. Истражувачите забележале подобрувања во параметрите на спермата, како што се бројот и подвижноста, и подобрена плодност кај групата која добила силна доза на астаксантин.