Повеќе студии во текот на годините ни покажуваат дека маслото од крил е ефикасен додаток за намалување на кардиоваскуларниот ризик и подобрување на целокупното здравје на срцето. Се побројни се истражувањата во кои се утврдува зголемено ниво на Омега-3 Индекс кај пациентите. Всушност, претходните истражувања покажуваат дека маслото од крил е клинички докажано дека ги поддржува трите маркери за здравјето на срцето, подобро од кој било друг извор на омега-3. Криловото масло е клинички докажано дека ги намалува нивоата на триглицериди во крвта. Исто така, го зголемува Индексот Омега-3, а зголемувањето на овој индекс од 4% на 8% би го намалило ризикот од фатална коронарна срцева болест за 30%. И, конечно, со маслото од крил, нема зголемување на нивото на ЛДЛ холестерол.
Маслото од крил е за разлика од кој било друг додаток е природен мулти-хранлив елемент за вашето срце, обезбедувајќи комбинација од морски фосфолипиди, омега-3, EPA и DHA, холин и астаксантин.
Омега-3 и холин се две основни хранливи материи за здравјето на срцето и го поддржуваат срцето преку различни механизми на дејство. Ова е една од најистакнатите причини да се избере крилово масло за здравјето на срцето наместо други додатоци.
Холинот е хранлива материја од витално значење за многу функции на телото; нервни импулси, функционирање на црниот дроб и мускулите. Нашите тела не можат да создадат, затоа мора да го добиеме од исхраната. Кога станува збор за здравјето на срцето, холинот делува на два начина преку подршка во функционирањето на срцето и кардиоваскуларниот систем. Холинот го поддржува нормалниот метаболизам на хомоцистеин, односно помага да се разложи хомоцистеинот во телото, кој е нуспроизвод на секојдневното функционирање, кој доколку се акумулира, може да му наштети на вашето срце. Нивото на хомоцистеин треба да се контролира, а холинот помага да се направи тоа природно.
Холинот поддржува здрав липиден метаболизам, тој е клучна компонента за црниот дроб за создавање на липопротеини кои безбедно ги носат мастите низ телото во крвта. Без холин, нашиот црн дроб не може безбедно да ги процесира мастите во крвта што може да доведе до проблеми во артериите како што е таложење на наслаги.
EPA и DHA се две од најпознатите и најважните омега-3 масни киселини кои ги добиваме од морски извори, како масните риби. За овие масни киселини е потврдено со бројни студии дека имаат кардиопротективно делување. Досегашните истражувања покажуваат дека тие можат да помогнат во:
- Намалување на нивото на триглицериди
- Намалување на растот на атеросклеротичните клетки
- Подобрување на функцијата на ендотелните клетки во крвните садови
- Намалување на воспалителниотпроцес
- Намалување на крвениот притисок
Всушност, EFSA (Европската агенција за безбедност на храната) заклучи дека внесот од 250 mg EPA и DHA дневно е доволен и од храна и/или од додатоци. Оваа количина е еднаква на јадење масна риба околу 2 пати неделно, врз основа на порција лосос од 150 грама. За оние со здравствени проблеми околу срцето или други метаболички здравствени проблеми, се препорачува да имаат малку поголем внес.
Криловото масло е моќен извор на двете компоненти од овие хранливи материи, давајќи 250 mg EPA и DHA и 82,5 mg холин по дневна доза. Уште повеќе, постојано се покажува дека маслото од крил дава слични придобивки за здравјето на срцето како рибиното масло, поради фосфолипидната форма на омега-3 кои се наоѓаат во производот. Ова во комбинација со холин јасно го разликува криловото масло од останатите производи богати со омега – 3 киселини, а на корисниците имовозможува ефикасен, природен и одржлив начин за поддршка на здравјето на срцето.