СВЕТСКА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕТО

WbreastfeedingW

01 – 07 АВГУСТ 2022

Кампањата на Светска Недела на Доењето (#WBW2022) ќе се фокусира на зајакнување на капацитетот на одлучувачите кои треба да го заштитат, промовираат и поддржат доењето на различни нивоа на општеството. Целната е здравствените системи, работните места и заедниците ќе бидат информирани, едуцирани и овластени да го зајакнат својот капацитет за обезбедување и одржување средини погодни за доење.

Доењето е клучно во стратегиите за одржлив развој за време и по пандемијата, бидејќи ја подобрува исхраната, обезбедува безбедност на храната и ги намалува нееднаквостите меѓу и во земјите.