Престојот во природа е поврзан со ризик од можен контакт со крлеж, а најбројни се во пролет,лето а може да се најдат и во рана есен, во зависност од климатските и еколошките услови.
Секој убод од крлеж треба да се сфати сериозно и да се побара стручна лекарска помош!
Болести кои се пренесуваат со убод од крлеж:
ВИРУСНИ: Конго-кримска хеморагична треска (Crim-Kongo haemorrhagic fever), енцефалитис предизвикан од каснување од крлежи (Tick-borne encephalitis), Западно-европски енцепфалитис (West encephalitis), Руски пролетено-летен енцефалитис (Sprig-summer encephalitis), Омска хеморагична грозница (Omsk haemorrhagic fever).
БАКТЕРИСКИ: Лајмска треска (Lyme Borreliosis), Рикециози – Марсејска треска (Mediterranian spotted fever) и Повратна треска (Tick-borne relapsing fever), исто како и Туларемиа (Tularemia).
Болестите пренесувани од страна на крлежи може да предизвикаат благи симптоми, но во најтешките случаи може да предизвикаат сериозни инфекции кои нужно бараат хоспитализација. Најчестите симптоми од болестите пренесувани преку крлежите вклучуваат: покачена телесна температура или намалена телесна температура, треска, болки, исип на кожата, чешање и слично.
Како да се заштитите од убоди од крлежи?
Избегнувајте колку што е можно престој во региони и на локации каде што е познато дека има крлежи. Колку е повеќе телото покриено со облека, толку е подобро и сте повеќе заштитени од директен контакт со крлежите; Користете појака заштита против инсекти и крлежи за кожа која трае неколку часа. Не заборавајте да ја заштитувате кожата на своите деца. Испрскајте ја облеката со спреј на база на синтетски пиретроид – перметрин за да се намали можноста за закачување на крлежите на облеката. Внимавајте да не прскате од спрејот на кожата на откриените делови од телото.
Како да се извади крлежот од кожата и што подоцна?
Крлежите отстранете ги од кожата колку е можно побрзо. За успешно отстранување користете пинцета со која ќе ја опфатите рилката на крлежот што е можно поблиску до кожата. Влечете нежно и право нагоре, без да стискате и да го оштетите крлежот. Не се препорачуваат народните методи на натопување на крлежот со масло за да се удави и самиот да се откачи, бидејќи кога имате крлеж вгнезден во кожата треба да го отстраните што е можно побрзо, а не да чекате.
По отстранување на крлежот, дезинфицирајте го местото на убод. Доколку сами го отстранувате крлежот и тоа неуспешно го направите – дел од рилката заостанал во кожата, задолжително треба да се јавите на доктор! Доколку на лекар не сте се обратиле веднаш, а по некое време на кожата се појави осип, на вашиот лекар задолжително треба да му кажете дека сте биле каснати од крлеж или пак, истото да му го соопштите за време на најблиската средба со него.