Водич за правилна исхрана кај бремени жени и доилки

Водич за правилна исхрана за бремени жени и доилки (1)

Eдно од основните правила во бременоста е дека не треба да се јаде за двајца. За одржување на добро здравје за мајката и плодот треба пред се да се внимава на внесот на здрава и урамнотежена исхрана.

Навиките во исхраната за време на бременоста се најважни отколку во било кој друг период од животот. Потребата за енергија се зголемува за време на бременоста, а балансираната и разновидна исхрана е неопходна за правилен раст и развој на бебето и секако здравјето на мајката.

Зголемување на телесна тежина за време на бременост

Една од работите кои идните мајки мора да внимаваат е и зголемувањето на телесната тежина. Динамиката на зголемување на телесната тежина има важен ефект врз ризикот од предвремено раѓање, родилната тежина и здравствената состојба на новороденчето. Идеално зголемување на телесната тежина во текот на бременоста е од 7 до 11 кг за единична бременост, а за близначка бременост од 11 до 19 кг. Редот на оброците да биде секогаш навреме со тоа што ќе бидат во помали порции почести, отколку големи оброци со голема пауза помеѓу. Прекумерната телесна тежина може да биде голем здравствен проблем како за идната мајка, така и за бебето, затоа што дебелината е поврзана со зголемен ризик од компликации вклучувајќи зголемен крвен притисок во бременост, преекламсија, гестациски дијабетес или шеќерна болест, венски тромбоемболизам, породување на бебе поголемо за својата гестациска недела. Бременост проследена со различни компликации поврзани со зголемена телесна тежина често наметнува потреба и од оперативно завршување на бременоста со царски рез. Самиот царски рез дополнително носи компликации поврзани со анестезијата и со заздравување на раната

Важноста на правилната исхрана за време на бременоста

Исхраната на мајката за време на бременоста може да влијае врз ризикот од одредени болести кои се јавуваат кај детето. Потребите за одредени хранливи материи се зголемени за време на бременоста и затоа се сметаат за важни за правилниот раст и развој на детето и здравјето на идната мајка. Овие хранливи материи вклучуваат:

  • Фолна киселина,
  • витамин Б12,
  • витамин Ц,
  • витамин Д i
  • витамин А.

Во однос на минералите важно е да се внимава на адекватен внес:

  • калциум,
  • цинк,
  • магнезиум и
  • железо.

Во првиот триместар хранливи материи се фолна киселина, витамин Б12 и цинк, а во вториот и третиот триместар железо, калциум и магнезиум. Исклучително е важно да се консумира доволно количество фолна киселина уште пред зачнувањето, а се препорачува да се консумира фолна киселина во форма на додаток во исхраната од моментот кога жената ќе се обиде да забремени до 12-та недела на бременоста. Соодветниот внес на фолна киселина може да спречи појава на одредени вродени аномалии на плодот. Витаминот Б12, во соработка со фолатите, помага во формирањето на ткивото и органите, па затоа внесувањето на овој витамин во текот на бременоста е исклучително важно.

Исхраната за време на бременоста треба да биде разновидна, богата со свежа храна како зеленчук, овошје, цели зрна, месо и риба. Кога е можно, треба да посегнете по храна од органско-биолошко одгледување. Јаглехидрати (карбохидрати) се група во која спаѓаат производи од интегрално брашно (леб и пецива), мусли, ориз, компири, пченката и тестенините, како главен дел од секој оброк. Содржат многу хранливи состојки кои им се потребни и на мајката и на бебето. Млечни производи треба да се внесуваат секој ден, но во нискокалорична форма (обезмастено млеко), сирење, јогурт, урда. Тие се група на храна богата со калциум. Покрај калциумот, кој е многу важен за развој на забите и коските како и за развој на срцето и мускулите на бебето, млечните производи содржат и други квалитетни супстанции.

Исклучително важни масти во исхраната на трудниците се омега-3 масните киселини- DHA кои се наоѓаат во морските алги, масните риби, како што се лососот, сардината, харингата. Исхраната богата со овие вредни масти поволно влијае на здравјето на срцето и крвните садови, а истовремено обезбедува правилен развој на мозокот и видот кај доенчињата и децата. Последниот триместар од бременоста и првите неколку години од животот се клучни за правилен развој на мозокот.
Треба да се нагласи и важноста на внесот на течности, бидејќи недоволното количество млеко најчесто е резултат на недоволно внесување течности од страна на мајката, а доилките треба да пијат најмалку два до три литри течност дневно.

Додатоци во исхраната

Покрај внимателното планирање на исхраната, тешко е да се задоволат зголемените потреби за одредени витамини и минерали. Затоа, се препорачува да се земе додаток на храна специјално дизајниран за жени кои планираат бременост, трудници и доилки, кој содржи витамини и минерали во препорачаните количини и DHA масни киселини, бидејќи DHA е важен за растот и функционалниот развој на мозокот на фетусот и новороденчето.

Што не се препорачува да се консумира и на што да се обрне внимание?

Треба да се обрне внимание на хигиената на храната која се подготвува: месото треба добро да се измие и термички добро да се обработи, со што се спречува инфекција со токсоплазма, која може да биде многу штетна за бебето. За да се елиминира опасност од зараза со салмонела, јајцата не смеат да бидат сирови. Поради ризик од инфекција со листерија треба да се избегнува зрели меки сирења како што се камембера и бриа. Треба да се пие само пастеризирано млеко во кое нема штетни бактерии.

Препорачливо е да се избегнува сирова храна, односно непреработена храна, храна со голема содржина на жива, како што е конзервирана туна, ајкула, сабјарка и скуша. Живата е тежок метал кој се акумулира во масното ткиво и останува во телото доволно долго, доколку е присутна во зголемени концентрации може да има негативни последици за плодот. Не се препорачува да се следат екстремни режими на исхрана, строги диети, лошо планирани вегетаријански диети или некои други модерни начини на исхрана.

Сепак, постојат намирници кои некои доилки треба да ги избегнуваат, особено ако се алергични на одредена храна или ако во семејството постои склоност за алергии. Доенчето може да биде чувствително на храната што ја консумира мајката за време на лактацијата. За да се утврди за која храна се работи, се препорачува да се води дневник за храна и да се евидентира однесувањето на детето по доењето, а сомнителната храна да се исфрли доколку се забележи реакција кај доенчето. Најчесто станува збор за храна како што се јајца, кикирики, јаткасти плодови, пченица, соја, пченка, домати, кромид, зелка, но и некои зачини, морска храна и др.

Храната која предизвикува надуеност, како што се зелката, брокулата, карфиолот, гравот, леќата и костените, често се препорачува да се избегнуваат за време на лактацијата, но таквото избегнување не е научно засновано. Сепак, сировата храна како што се стек тартар, карпачо, сирова риба и сирења со мувла секако се на врвот на листата на непожелни намирници во периодот на доење, бидејќи консумирањето на овие намирници го зголемува ризикот од труење.