Пиво: здравствени придобивки?

Пиво здравствени придобивки едно за нејзе, две за него (1)

Пивото е еден од најстарите пијалоци во светот. Toa e третиот најпопуларен и најконсумиран пијалак, по водата и чајот. Рецептите за пиво може да се најдат во египетските гробници, археолошките локалитети во Месопотамија и вавилонските текстови. Се споменува уште во некои од најстарите познати ракописи. Кодот на Хамураби од 1754 п.н.е. содржел правилник со кој се регулира производството на пиво. Денес, пивото се наоѓа во намирници и пиварници ширум светот. Луѓето дури повторно ја откриваат радоста на правењето пиво во нивните домови. Сепак пивото е доволно лесно за правење, тоа е производ на ферментирање на житни растенија.

  • Дали пивото е здраво?

Нутриционистички вредности

Една лименка пиво содржи:

  • 150kcal
  • Протеини: 1,5g
  • Јаглехидрати: 13 g

Пивото е одличен извор на:

  1. Калиум
  2. Магнезиум
  3. Калциум
  4. Фосфор
  5. Ниацин или Б3
  6. Селен

Ова го прави да биде добар извор на електролити, односно да помага при рехидратацијата.

Во зависност од бојата, некои пива се исто така добар извор на антиоксиданси. Темното пиво е поздраво отколку светлото. Тоа содржи повеќе флавоноиди, природни оксиданти кои помагаат во заштитата на организмот од заболување.

Потенцијални здравствени придобивки од пивото

Како што споменавме, пивото е богат извор на витамини и минерали, а некои содржат и антиоксиданси. Истражувањата поддржуваат бројни потенцијални здравствени придобивки од пиењето умерени количини пивo.

1.Понизок степен на ризик од срцеви заболувања

Консумирањето едно до две пива дневно може да помогне да се намали ризикот од срцеви заболувања. Едно истражување покажало дека една чаша пиво кај жени и две кај мажи дневно ги подобрува антиоксидативните својства на HDL  односно ,,добриот “ холестерол, додека во исто време придонело за намалување на вкупното ниво на холестерол во крвта.Всушност, за истата количина пиво на дневна основа, даваат податоци дека има ефект сличен на оној на црвеното вино.

2. Подобрување на нивото на шеќер во крвта

Според неколку студии, малата, до умерена консумација алкохол може да ја намали инсулинската резистентност – главен ризик фактор за дијабет тип 2. Една студија открива дека еден до два алкохолни пијалоци на ден може да го намалат ризикот од развој на дијабетес за дури 50%. 

3. Зајакнување на коските

Неколку студии покажуваат дека умерена консумација на пиво може да помогне во зајакнување на коските кај мажите и кај жените во постменопауза.

4. Може да го намали ризикот од деменција и да помогне за подобра меморија

Освен што некои податоци ни укажуваат дека може да го намали ризикот од деменција, умереното пиење пиво според анималните студии, делува и на подобрената меморија.

5. За подобар сон

Лактофлавинот и витаминот Б3 може да го подобрат сонот.

6. Помага за намалување на стресот

Едно истражување покажало дека две чаши пиво на ден може да го намали стресот од работа.

7. Го подобрува варењето на храна

Во една лименка имавме 1g растителни влакна. Растителните влакна играат важна улога во варење на храната и делуваат во подобрување на дигестивниот систем.

Иако малите и умерени количини се поврзуваат со здравстевени бенефити, зачестеното пиење алкохол од било каков тип, па и пиво, може да води до долгорочни штетни последици, вклучително:

  • Алкохолизам;
  • Депресија;
  • Оштетување на црниот дроб;
  • Зголемена телесна тежина;
  • Малигни заболувања;
  • Помал животен век итн.