Бебињата се раѓаат со нецелосен имунолошки систем. Имунолошкиот систем се развива во текот на првите три години од животот и претставува важна основа за здравјето на детето во иднина. Во овој период, нивните мали организми учат како да се одбранат од штетните бактерии без да му наштетат на организмот преку прекумерно реагирање. Бидејќи повеќето имунолошки клетки се наоѓаат во цревата, важно е да се грижиме за овој дел од цревата.
Гастроинтестиналниот тракт на секое доенче е уникатен по неговиот цревен микробиом, т.е. видот и бројот на пробиотските бактерии кои го населуваат и штитат.
Кога бебињата се во матката, нивниот дигестивен систем е речиси стерилен. Микробната колонизација на цревата интензивно започнува при самото раѓање и во периодот веднаш по раѓањето. За време на вагиналното раѓање, новороденчето ја прима првата количина бактерии преку вагиналната флора на мајката. Мајчиното млеко, меѓу другото, придонесува за градење на имунитет на бебето. Овој процес е важен за целосен развој и на имунолошкиот и на дигестивниот систем. Формирањето на цревната микрофлора во овој ран период од животот влијае врз здравјето на лицето во текот на целиот негов живот.
Во случај на царски рез бебињата не се директно изложени на микробиотата на мајката и се со поголема веројатност да бидат колонизирани од бактерии кои потекнуваат од кожата на мајката, болничкиот персонал и болничката околина.
Истражувања покажуваат дека децата родени со царски рез имаат зголемен ризик од болести базирани на имунолошки нарушувања (астма, алергија, дијабетес тип 2) и зголемен ризик од дебелина, што се поврзува со разликата во составот на првата цревна флора.
Начинот на породување значително влијае на здравствената состојба во подоцнежниот живот. Иако разликите на почетокот не се толку големи по првата година од животот, таа рана цревна флора значително делува во развојот на имунолошкиот систем.
Први микробни колонизатори кои се населуваат и се присутни до 90% во неонаталните црева се бифидобакетриите.
КОЈА Е УЛОГАТА НА ВНЕС НА БИФИДОБАКТЕРИИ УШТЕ ОД САМИОТ ПОЧЕТОК?
1. намалување на инфантилните колики, надуеноста, гасовите и гастроезофагеалниот рефлукс;
2. воспоставување на нормална цревна перисталтика;
3. намалување на атописките кожни реакции и алергиските манифестации воопшто,како и подобрување на имунитетот
Нивно рано дополнување ги избегнува негативните последици од изменетата нарушена цревна флора. Овие бактерии се во еден вид симбиотска врска и си помагаат меѓусебно да растат и да ги извршуваат своите функции. Затоа како поддршка за развој на здрава цревна микрофлора кај бебињата родени со царски рез, кои се на антибиотска терапија, предвремено родени бебиња, ниска родилна тежина, кои се хранат со млечни формули се препорачува употреба на соодветен пробиотик кој содржи карактеристични- бифидобактерии „добри“ бактерии за таа возраст.