Светскиот ден на превенција од самоубиства, кој се одбележува секоја година на 10 септември, е организиран од Меѓународната асоцијација за превенција од самоубиства и одобрен од Светската здравствена организација (СЗО). Настанот претставува глобална посветеност да се фокусира вниманието на превенцијата од самоубиства.
Темата на Светски ден за превенција на самоубиства за 2022 е „Создавање надеж преку акција“, и ја одразува потребата од колективна акција за решавање на ова итно јавно здравствено прашање. Сите ние – членовите на семејството, пријателите, соработниците, членовите на заедницата, едукаторите, верските водачи, здравствените работници, политичките службеници и владите – можеме да преземеме акција за да спречиме самоубиство.
Цели
Општата цел на овој ден е да се подигне свеста за превенција од самоубиства ширум светот. Целите вклучуваат промовирање на соработка со засегнатите страни и самоосилување за справување со самоповредување и самоубиство преку превентивна акција. Ова може да се постигне преку градење капацитети на давателите на здравствена заштита и други релевантни актери, позитивни и информативни пораки насочени кон општата популација и ризичните групи посебно кон младите луѓе и олеснување на отворена дискусија за менталното здравје дома, на училиште, на работното место, итн. Оние кои размислуваат или се погодени од самоубиство, исто така се охрабруваат да ги споделат своите приказни и да побараат стручна помош.