Светскиот ден за подигање на свеста за лимфомот е на 15 септември. Секоја година, пациентите, старателите, здравствените работници и другите засегнати и погодени од лимфом низ светот го одбележуваат овој ден со цел да се подигне свеста за ракот на лимфниот систем.
Животот со лимфом може да ја остави личноста да се чувствува несигурно, со многу прашања, грижи и сомнежи. Но, истражувањата откриле дека довербата, која често произлегува од информации и поддршка, игра значајна улога во позитивните здравствени искуства и исходи за пациентите. Помеѓу 9 и 15 септември, пациентите, старателите, здравствените работници и луѓето кои се загрижени за пациентите со лимфом се приклучуваат на бројни дебатни настани, особено на Facebook на страницата на Lymphoma Coalition и ги споделуваат малите нешта што ви помагаат да се чувствувате посигурни.
Кога сите ќе почнеме да ги изнесуваме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат пациентите на виделина, можеме да ги поддржиме, да ги поттикнеме и да им помогнеме на пациентите да изградат доверба.